Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #8

Скопска ситуација депресинг #8

СлаткишиДеновиве пливаме во пропаганди за економските придобивки, нови патишта, нови работни места и куп други глупости од кои нема спас. Поради тоа што се’ е издржано баш онака како што тие го претставуваат, истото се отсликува во реалноста. На пример јас моментално се вработив, пред некое време, освен сопствената претприемачка активност – пишувањето и доживотниот волонтеризам во моментов Холовиц е на стабилна работна позиција која што никогаш не ја очекувал во Македонија. Да, верувале или не, јас сум среќен и задоволен од сопствената работна позиција, дури можам и да се пофалам со тоа колку сум среќен и колку не сум под притисок со својата функција. Супер е се, само што не работам по она за кое што се образував, напротив работам она што ми лежеше на срце и она што прво почнав да го работам на почетокот од моето полнолетство. Победа за малиот човек! Покрај се, можам сам да си се потапшам по рамо за сопствениот успех и во никој случај потпомогнат од било какви врски и најважно од се од било какви владини мерки за вработување на образованата младина.

Пред неколку месеци се појавив на сценава револтиран од моменталната состојба во македонското општество со посебен осврт на високо образованите луѓе кои патат од камшикот на капитализмот и играат оро пред сопствените робовладетели за малку пари или за беспари. Битно е да играат нели?! Нека работат децата нешто за џабе ли учеле факутлет, зарем по улица да висат и да пушат грас? Зарем да се пијанчат седејќи на тротоари? Зарем да бидат по оние кафани и да лумпуваат до раните утрински часови? Нека работат! Тоа е тој менталитет кој го тера човекот да полуди. Од дома те ругаат зошто не работиш, а бараат од тебе да се осамосталиш со 3 до 5 илјади денари кои ги добиваш месечно рмбајќи под закрила на постојаниот страв и трепет дали во утрешниот ден шефот ќе ти се дере 5 пати или само еднаш, затоа што бурекот што си го донел се оладил, а кафето било премногу топло. Сепак гордоста да се има работа е голема па така голем број од вчерашно вработени младинци со високо образование со голема брзина до Солун идат да набават костими, одела, лаковани шпиц чевли, вратоврски, актовки и “машки” чанти. По се изгледа некој ја силувал или не доволно ја зграпчил пораката во економската мисла “За да направиш пари, мора да вложиш”, па така сите непокорно вложуваат во себе за да изгледаат претставително додека дуваат прашина во архива или пак чекаат ред за кафе. А кога ќе стигнат дома! Кога се движат во маало! Кога ќе се сретнат со луѓе кои ги познаваат… Тие се покорувачи на тирани, горди и сите со битни функции од кои зависи работата на целата фирма во која тие ‘рмбаат, од толку работа дури и рацете им се со плускавци. Препотентни, исправени и во марш како во позадина да оди Империјалниот марш на Вејдер, лева по десна чекорат по својот пат од жолти бекатон плочки обоени од очај.

Ова не го пишувам за да ги исмејувам, затоа што доволно се смешни сами по себе. Ова го пишувам за сите Вас кои дома губат надеж и кои се под притисок од домашните, да опстанете, да не прифаќате што било, да си го цените своето образование или барем својата професија. Професијата и образованието не одат рака под рака, но љубовта кон својата работа е многу важна. Бидете повеќе од она што Владата ви дозволува, бидете повеќе за себе, затоа што никој друг не е битен. За да ви биде појасно дека не сте единствени кои трпите дома видете до каде стигна ситуацијата, пред некој ден беше ограбена продавница на Тедико. Тедико, продавница од синџири на супермаркети наменети за ниската класа, маркет во кој што дневниот промет изнесувал 10 илјади денари. Ценете си го животот, зошто во моментов можеби тој вреди помалку од 10 илјади денари, помалку од “просечната плата” во земјава.

Патетично Ваш и подржувач на слободната волја Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …