Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #11

Скопска ситуација депресинг #11

СлаткишиИзборите завршија, колку толку и за белја одма проблеми. Можеби не локални како изборите, ама локални на ниво на зграда во централното градско подрачје. Многу оддамна ви пишав за проблемот со Керфур и тоалетната хартија кој ги запуши сите канализации од Карпош до Аеродром, епа по се изледа не бил виновен само Керфур, туку сме имале големи серковци сами по себе. Проблемот ист, извира отпадна вода во мојот тоалет нус појава на негрижата на моите несовесни комшии, серковци кои не научија дека тоалет хартија не се фрла во ВЦ шољата туку во кантата за отпад. Истите тие комшии кои понекогаш си играат погоди го контењерот од тераса и истите кои стискаат на лифтот на двете копчиња за нагоре и надолу иако одат само во еден правец. Тоа е таа малограѓанска некултура проткаена низ урбанава џунгла искажана преку непочитување на својот ближен, на својот комшија. Како ништо повеќе да не им значи маалскиот живот, па почнаа да си гребат по колите, да си пуштаат муабети од зад грб и да клеветат кај стигнат.
Зарем сите заборавија како се живееше порано кога како мали на тротоар делевме сендвичи од пола леб и по некое сокче од 8 денари пакувано во Шутка, жив отров, а за нас мед. Повеќе како да не остана ништо од тој заеднички живот, па сите тонеме секој сам за себе, давејќи го другиот наместо да му подадеме рака. Ова е проблем на цело Скопје, ова е проблем кој се манифестира во сите маала и населби, уште повеќе ова е и државен проблем. А најдржавен проблем е тоа што немаме дежурна служба кој се справува со поплави, дури немаме ни приватна служба која може да не спаси во ситуација кога си во вода до колена, имаме само служба која може да те утеши дека ништо не може да се направи вечерта и дека мора да се почека до сабајле. Епа фала ти Македонијо, да знаев за ова на секој кандидат за градоначалник ќе му приложев програма за реформација на серковци и воведување на дежурна служба кој ќе се справува со поплавени стамбени објекти. Не дај Боже да ти се запали нешто во стан, може и пожарникарите ќе ти речат, другар не можеме ништо сега ќе дојдеме сабајле околу 7, немаме служба. Ете тоа е ова Скопје, а и оваа Македонија.

Граѓански загрижен, вашиот Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …