Дома / Пишанки / Шокантно, скандал и можност за голи цицки

Шокантно, скандал и можност за голи цицки

vicoteka-sok
Дргаги посетители, фанови и маалски поддржувачи,

Ние (Vicoteka.mk) сме згрозени од односот кој го имаат интернет медиумите во македонскиот простор.

Познато е дека интернетот е тука за соработка и меѓусебно подржување, но за жал тоа кај нас не важи, па така со години налетуваме на цели сајтови плагијати на Vicoteka.mk.

Освен тоа постојат и онакви сајтови кои без срам копираат цела содржина од нашиот сајт и ја присвојуваат за своја без притоа да додадат линк од каде е тоа превземено. Меѓу нив спаѓаат сајтови кои самобендисано се прогласуваат за први во мк, весници, портали, магазини и слично, а без срам копираат содржини од Vicoteka.mk и од други сајтови на ова македонско нет поднебје.

Епа на здравје нека ви е, затоа што кој краде има вошки и спие на таван.

П.С. За сите да го прочитате ова, го крстивме Шокантно, скандал и можност за голи цицки, по примерот на македонските медиуми.

П.П.С. Сите права за пишаните вицови се на оние кои ги препратиле како автори, но се останато е “измишљотина” на тимот на Vicoteka.mk инспирирана од секојдневниот живот.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …