Дома / Пишанки / Експлодираше бомбата на Vicoteka.mk

Експлодираше бомбата на Vicoteka.mk

bombaaИзминатиов период тимот на Vicoteka.mk напорно работеше на надградбата на изгледот на страната.

Новиот изглед ни донесе неколку новитети:

  • Категоријата „Колумни“ ја надградивме во „Пишанки“ и како таква ќе ја користиме за складирање на текстови, колумни, вести, забавни содржини и други видови пишанки напишани од наша или странска служба.
  • Вметнавме и нова категорија „Твитотека“ каде што ќе бидат објавувани твитови од македонската твитер заедница.
  • Ја надградивме и интеракцијата со читателите, сега освен опцијата „Напиши виц“, додадовме и нова опција „Вицотека репортер“ каде ќе можете да напишете по некоја пишанка или да ни испратите некоја слика.
  • Мобилната верзија е конечно средена, па така нема да имате непријатни проблеми со читањето на Vicoteka.mk од вашиот мобилен уред.

Оваа прилика ја користиме и да Ви соопштиме дека годинава одбележуваме 10 годишен јубилеј од постоењето на Вицотека и периодот што следува ќе биде полн со пријатни изненадувања од нас за Вас.

Искрено ваши,

Тимот на Vicoteka.mk

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …