Vicoteka.mk

Размислување

Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците: – Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе. После половина саат повторно обраќање: – Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа …

Повеќе...

Кабриолет

Трпе и Трпана ги заборавиле клучевите во кола и се обидуваат да ја отворат вратата.Трпе се нервира:– Не можам да ја отворам, по ѓаволите.– Прави што ќе правиш само побрзај, изгледа ќе врне, а покривот е спуштен.

Повеќе...

Факултетски човек

Млад човек е примен на работа во голем супермаркет и првиот ден го пречекува менаџерот, го поздравува срдечно и му вели:– Твојата прва задача денес ќе биде да го избришеш подот.– Ама јас сум факултетски образован.– Оф леле, извини. Дај ми ја метлата, јас ќе ти покажам како.

Повеќе...

Слеп виц

Влегува слеп човек со куче во супермаркет, го грабнува кучето за јажето и почнува да го врти над главата притоа рушејќи све околу него. До него доаѓа продавач од супермаркетот и го прашува:– Извинете господине, можам ли некако да ви помогнам?– Не, само разгледувам.

Повеќе...

Потрефување

На некој дечко во кино, сред филм му се припрдело. Го фатил срам па го размрдал столот да крцка… демек од него било. На тоа човекот позади искоментирал:– Дечко, го потрефи по звук, али не и по мирис.

Повеќе...

Летен распуст

Учителката го прашува Мали Џокица како си поминал за летниот распуст.Џокица одговара:– Прво, јас не сум Џокица, јас сум Џорџ.– Како второ, за распустот бев во Америка и супер си поминав. Цело време се качував на веранда, па се симнував од веранда, па јадев, па пак се качував на веранда, …

Повеќе...

Спротивен правец

Трпе се вози по автопат, кога заѕвонува неговиот мобилниот телефон. Се јавува Трпана и целата вознемирена му вели: – Штотуку слушнав на вести дека некоја кола вози во спротивен правец на автопатот Е75. Те молам внимавај! – Една кола??? По ѓаволите, ги има стотици!

Повеќе...

Нарачавте будење

Човек кој престојува во хотел во Црна Гора порачал будење во 7,30.Сабајле ѕвони телефонот и слуша:– Ало, господине. Вие ли порачавте будење во седум и пол.– Да.– Па станувајте, што чекате. Единаесет и пол е веќе.

Повеќе...

Чуда

Се враќа Трпе дома од службен пат и ја затекнува Трпана со маж во креветот:– Трпано мори, што прави човеков во мојот кревет?!– Чуда, мажу. Чуда прави!

Повеќе...

Швајцување

Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар. – Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите. – Е како нема да и се отечени, вчера два саата ме гледаше како швајсувам!

Повеќе...