Дома / Вицови / Животни / Зајко напушен

Зајко напушен

Лавот забранил да се пуши трева во џунглата. Сите го почитувале тоа освен зајко кој секој ден пушел. Еден ден го затекнал лавот и му се развикал:
– Зајко!!! Што правиш? Нели реков да не се пуши во џунглава!
– Е добро еднаш и ти пак еее….
Вториот ден пак го затекнал:
– Абе зајко што реков јас?
– Абе пак ти… е не пушам повеќе, готово…
Третиот ден го нашол во реката пак со џоинтот в уста:
– Море зајко, абе пак пушиш?
– Аааааа, не, за нас рибите тоа не важи!

Обиди се со

Јајце

Лета врапче, се мачи, потејќи се, носи антилопа. Две други врапчиња седат на гранка и …