Дома / Вицови / Образованиe (страна 10)

Образованиe

Тепање

Наставничката го кара малиот Трпе:
– Трпе, не е убаво да се тепаш, треба да научиш да даваш и да земаш!
– Така и правам наставничке, им давам боксови на децата и им ја земам ужинката.

Кисела вода

Наставничката го прашува Трпе:
– Што се добива од H2O и CO2?
Трпе како од пушка одговара:
– Кисела вода, наставничке !

Множина

Наставничката го прашува Трпе:
– Што е една баба?
– Еднина.
– А повеќе баби?
– Старски дом.

Професор

Полагаат двајца колеги и првиот влегува одговара на двете прашања и третото професорот го прашува:
– Дали колега забележувате нешто необично кај мене?
Студентот му одговара:
– Немате уши.
Oвој налутен го брка од канцеларија. Излегува колегата и му вели на другиот:
– Што и да одговориш немој да му кажеш дека нема уши.
Влегува другиот и истата финта, одговара на првите две и третото го прашува истото:
– Колега дали забележувате нешто необично кај мене?
И овој му вели:
– Носите леќи.
– Браво колега, како забележавте?
А овој му вели:
– Па професоре да имавте уши ќе носевте очила.

Касно

Малиот Трпе доцнел за училиште, и кога стигнал наставничката го прашува:
– Трпе, зошто доцниш?
– Касно тргнав, наставничке.
– А зошто не тргна порано?
– Касно беше да тргнам порано.

Голема разлика

Некој странец по грешка влегол во душевната болница „Бардовци“ наместо на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Откако ја увидел својата грешка, му рекол на чуварот:
– Ми изгледа дека и нема некоја голема разлика меѓу универзитетот и лудницава?
– О, има, господине, овде морате да покажете некаков напредок за да ве пуштат! – Рекол чуварот.

Утакмица

Наставничката го прашува Трпе:
– Зошто закасни?
– Сонував фудбалска утакмица.
Одговорот на Трпе немал смисла и наставничката пак прашала:
– Но зошто закасни?
– Епа имаше продолжение наставничке.

Смрт

Во училиште, наставничката го прашува Трпе:
-Трпе, што чуствуваме кога не сме јаделе еден ден?
– Смрт.

Погоди

Студент по ветерина полага испит.
Професорот имал некоја птица во кафез, која била покриена со чаршав. Го поткрева малце чаршавот колку да и се видат нозете на птицата.
– Колега, која е оваа птица?
– Појма немам!
– Е па жал ми е колега, паднавте, кое е вашето име?
Овој ги поткрева панталоните колку да му се видат малце нозете…
– Е, ај погодете!

Приглупа

Родителите го прашуваат малиот Трпе како му е во училиште со новата учителка.
– Учителката ни е супер, згодничка е, убавка е, ама малkу како да е приглупа.
– Немој бе така Трпе, од кај дојде до таков заклучок?
– Е како не е приглупа кога само нешто не прашува!