СМС

Директорот излегува од работа и оди во викендицата со секретарката. Коњак. Бонбони… Заеднички туш… Жестоко…
Вечерта се враќа дома, уморен поглед, бакнеж и молба кон сопругата:
– Те молам постави ја вечерата, денес се уморив како куче.
Жената оди во кујната и му поставува кременадли, му отвара пиво и на крај му дава десерт.
Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
– Цел ден го чекам овој момент и одвај дочекав да си дојдеш и наеднаш – СМС.
– Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот.
Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
– „Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам. Таква сласт и задоволство. Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли – „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“ и излегува од тоалетот а жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:
– Зошто го зеде мојот телефон?!

Обиди се со

Развод

Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води …