Дома / Вицови / Црн хумор (страна 2)

Црн хумор

Пензија

Доаѓаат гости кај Влав и гледат цел облечен во црно.
– Зошто бе ти така у црно?
– Абе вчера татко ми умре…
– Како бе кога сабајле го видовме стоеше на портата?
– А не, ние така го потпревме за да прими пензија.

Јадење

Си разговараат на телефон две плавуши:
– Абе знаеш денес го пратив маж ми да оди да купи компири ама се случи трагедија.
– Каква трагедија?
– Го згази кола!!!
– И што ќе правиш сега?!
– Веројатно ориз.

Пациент

Сестра: Докторе докторе, надвор има пациент некоја машина му ги отсекла двете нозе.
Доктор: Кажи му нека влезе.

Куче

Каде ќе најдеш куче без раце и нозе?
– Таму кај шо си го остаил.

Мртовечница

Некој доктор носел инвалид некаде и:
Индалидот: Докторе каде ме носите?
Докторот: Во Мртовечница.
Инвалидот: Па јас уште не сум мртов.
Докторот: И ние се уште не сме во мртовечница.

Ружи

Која жена добива најмногу ружи за 8ми март?
– Онаа што ќе умре на 7ми март.

Изненадување

Си биле Мујо и Хасо и се прашувале како е во рајот. Потоа се договориле кој прв што ќе отиде да му се јави на другиот во сон. И така Хасо прв умрел и му јавил во сон на Мујо после неколку месеци:
– Кај си бе Мујо што правиш?
– Еве ништо, како е таму убаво ли е?
– Абе Мујо тука има се, абе иначе заборавив да ти кажам нешто..
– Што?
– Ме примија во Фудбалската федерација и имам изненадување за тебе.
– Добро де кажи го!
– Во среда имаме натпревар и ти браниш!