Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг

Скопска ситуација депресинг

Живеам во Скопје целиот свој живот, освен оние години кога не живеев, тука сум роден како трето колено в град, а некаде осумнаесето колено од скопската околија. Фино звучи нели, помпезно и чисто градски. Можеби и таков нагласок ќе удрам сега со своите небитни плачки на лист хартија.

Пред одредено време поради тотално не разбирање на соседите во мојата зграда се случи поплава кој може да парира на Божјиот гнев од стариот завет. Наместо како Ное да градам арка во двор, се јавив на надлежните служби кои со добро-намерно доцнење од само саат и триесет минути се појавија кај мене на врата опремени со најновата техничка опрема и со гума од велосипед. Не им се мешам во работата ама гумата од велосипед ме натера да помислам дека некој се мајтапи со мене. Си упативме неколку зборови се потапшавме по рамо за доцнењето, си простивме и конено почна нивната работа зад затворени врати. Не помина долго време пред да излезат и да ми соопштат дека главната шахта била запушена од толетни хартии. Се упативме кон главната шахта сите тројца на број и што да видиме, цела тоалетна хартија од Керфур на едно место… ниската цена како да им го отвори шупакот на сите кои претходно го користеа со резерва, а сега трошат по две ролни на ден и истите ги пласираат во вц школката заедно со картонскиот дел. Варвари!

Јас сум дел од луѓето кои сакаат добра серка, ама боже зошто ли би фрлал купови хартија во тоалетот, зарем во нечија глава имаше тоа смисла? Небитно, секогаш комшиите ќе бидат пречка во твојот живот, ама тоа е дел од животот во град. Секој кој живеел тука бил крстен со топла вода од нечиј балкон, бил праќан по цигари и бил маван со тегли туршија исто од балкон. Помирен сум со тоа. Не сум помирен со фактот дека некој ланец за супер маркети кои се оддалечени неколку километри од моето живеалиште се виновни за ваквата промена во физиолошките потреби на населението. Како сите да мигрираа кон таа боженствена структура и од истата да најдоа лек за сите проблеми за своите пари со кои целосно ги променија секојдневните навики, до тој степен што предизвикаа голема промена во природниот тек на работите. А можеби и маите биле во право, можеби го предвиделе тоа во своите камени плочи. Може некој серко нив им ја запушил вц школката со гранитна плоча па сите изумреле. Затоа дрско денес пред полноќ сите во тоалет и без срам олеснете се да го преплавиме светот со своите гомна.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …