Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #13

Скопска ситуација депресинг #13

СлаткишиПомина многу време, поминаа избори, поминаа сите гомнарии, а во градов пак по старо. Улиците во кал, гужва по сабајле на сите проширени улици и споменици преку ноќ. Аполитички настроен и строг поддржувач на зелените, ако ги има кај нас таквите, решив денес како маалско копиле да лаам по оние кои мислат дека реалниов живот е како GTA. Не паѓа збор за оние копиљаци со спуштени панталони, дуксери, цели накитени со ланци и ножеви по џебови; туку за овие другите професионално растроени фаци на секој град.

Расположен од престојот во својата омилена кафана, иако не сум кафански човек судбината ме натера да пропијам и по кафани зошто тоа е таа работничка етика на Македонецот. За тоа потоа, сега полека да се вратам на клучниот проблем. Така видно расположен, а и мртов трезен со полн стомак се враќам накај дома со насмевка од уво до уво кога прд мене шок! Разголени цицки и едно шише шток. Шала на страна, не беа баш цицки ни шток, ама подеднакво беше драматично. По некаква си квази сообраќајна етика и логика во рчка се нашле едно возило управувано од постар господин заедно со “жената му”, а од другата страна погодете кој… што би рекле америте drum roll please… таксист! На последниов по суратот му се гледаше дека е од оној тип на таксисти кои самите си ја омаловажуваат сопствената професија и не се среќни зошто работат како такви, плус истите тие се оние луѓе кои додека си бил во срдно ти викале “е дете со овој памет на твои години да бев знаеш ли што ќе правев?”. Мојата предикција секогаш беше ништо, зошто тој памет никаде не води, што во ситуацијава се испостави како вистинито. Небитно. Блокиран како Евреј во гасна комора, не можев да се движам ниту напред ниту назад, па така добив гратис влезници во прв ред за уличниов театар.

По неколку минутно дерење преку прозори, проследено со голем број на свирежи од автомобили, двајцата протагонисти за несеќа тргнаа во исто време и за малку да не ја оплескаа работата уште повеќе. Тука кулминираше целата ситуацијата, па таксистот реши да го одговори прашањето кое цела публика си го поставуваше во последните 2 минути од претставата – на кого му е помал? Излезе гневен и со голема брзина се упати кон спротивната кола, додека стариот немајќи што да прави како стаорец во ќош давање пун гас, шлајфање и бегање од местото на оваа смешна драма. За жал, не успеа целосно да го избегне идиотизмот наречен таксист па така последниов успеа со удар во стилот на Леонидас, без изговорот “this is Sparta”, да му ја оштети задната врата од возилото. Овој момент беше проследен со аплауз од мојата страна, по што и останатиот дел од публиката се придружи, па така немоќен таксистот си ги вовлече тестисите навнатре си влезе во кола, вок оја имаше една млада дама, најверојатно патничка на чие лице се огледуваше сиот терор што таа го преживеа. За нејзина среќа можеби ова ќе ја натера да положи за возачка. Семафорот се запали зелено, сите си тргнавме по патот, а ова е само поука, еа не им јадете гомна на таксистиве оти дрога стават во елкичкана!

Културно заебан, Вашиот Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …