Влегува шефот во работилница и го прашува вработениот. – Колку столови направи денес? – Два. – Само два!? Јас до сега ќе направев десет. – Па нормално шефе, вие сте столар, а јас дипломиран економист.
Повеќе...Свекрва и домазет
Му вели свекрвата на домазетот: – Зете расипано е казанчето, поправи го. – Што ми е гајле, не е мое. Наредниот ден: – Зете расипана е кадата, среди ја. – Што ми е гајле, не е моја. Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден …
Повеќе...Покераш
Влегува покераш во градски автобус, му приоѓа кондуктерот: -Карта ? -Понатаму.. -Карта ? -Понатаму.. -50 денари ! -На твоите 50, уште 100 мои ! Настанува пауза, си разменуваат погледи… и покерашот сфаќа дека нешто не е во ред, па го прашува: -Ти што си ? -Кондуктер ! -Слабо, кента флеш!
Повеќе...Чистачи на прозорци
Трпе и Цветко работеле во Америка како перачи на прозори на облакодери. Стигнале до стотиот спрат, а Трпе вели: – Абе Цветко, го утнавме 99-ти. Не ги исчистивме таму. – И?! Што ќе правиме сега?! На Трпе му дошла идеја: – Па ајде бидејќи ти имаш трегери на панталоните, јас …
Повеќе...Учителки
Малиот Трпе ја прашува мајка си: – Мамо, добиваат ли нашите учителки плата?? – Секако, зошто прашуваш ?? – Па, сите задачи ние ги решаваме.
Повеќе...Лудило
Има четири степени на лудило: 1. Зборуваш сам со себе. 2. Се караш со себе. 3. Губиш во караницата сам со себе. 4. Не си правиш муабет повеќе.
Повеќе...Рингишпил
Седнал Тодоровиќ на рингишпил и дошол Жерновски и му вика: – Брат ај бе стани, трет круг ти е више!
Повеќе...Овчар
И волкот сит и овците на број… Бог да го прости овчарот.
Повеќе...Дома
Пијаница влегува во автобус, ги става нозете на седиштето, му доаѓа кондуктерот и му вика: – Дома така ли ги ставаш нозете на столот? – Не, а ти дома кинеш ли карти?
Повеќе...Секретарки
Две секретарки стојат покрај новиот лап топ во канцеларијата: – Можеш ли да замислиш дека овој компјутер ја врши работата на 10 мажи! – Абе може да имаш право, но јас сепак ги сакам мажите!
Повеќе...Анкета
Од кој дел на Центар доаѓате? – Од Ресен. – А зошто гласате во Скопје? – Бев болен.
Повеќе...Сестра
Дечко се пушта на девојка во диско и девојката му вика: – Ти знаеш ли јас чива сестра сум? А дечкото збунето прашува: – Чива? – На брат ми!
Повеќе...Чекор
Браво ќерко, браво, ајде уште еден чекор, ајде можеш уште еден. Браво! Женоо! Донеси камерата, ќерката ни се врати од дискотека.
Повеќе...Најубавата девојка на свет
Си биле момче и девојка. Девојката го прашува момчето: – Слободен си вечерва? – Не! Ќе излезам со најубавата девојка на свет. Девојката: – Добро. По пет минути момчето доаѓа во нејзината куќа и ѕвони!Девојката: – Што бараш тука? – Па нели ти реков дека ќе излезам со најубавата девојка …
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија