Дома / Вицови / Стриптиз

Стриптиз

Блажо и Мара че слават 26 год. од бракот, и Блажо а прашуе Мара дека сака да одат, а она вика:
– Блажо, а бе сакам да ме однесиш у ниа стриптиз клубовите, не су била до сеа…
И Блажо а воде у еден, влегуат, ги остават палтињта, и гаредероберката му вика:
– Оо, добро вечер Г-дине Блажо…
Мара се наапуе и , го прашуе:
– Коа е ваа бре…..
– На Ѓоко колегата, ќерка му…..
Иде келнерката, и му вика:
– Добро вечер Г-дине Блажо, има празна маса за вас….
Мара го убива со погледот, а Блажо и вика:
– Смири се Маре, она беше куварка кај нас у фирмата, у мензата….
Седнуат на мас’та, почнуе да се соблекуе стриптизет’та, и каа останала само на гаќи прашуе:
– Ајде, кој вечер че ми и собуе гаќите…
И цело кафене почнало да вика:
– Блажо, Блажо…..
Мара побеснуе, излева од кафењ’то, влева у такси, Блажо по неа и вика:
– Маре ме наместија, ја не и познаам тиа женски, веруј ми..
А таксистот му вика:
– Оо Блажо, шо е ваа работа, до вчера се воземе млади пичиња. кај а најди ваа грда стара бабетина а?!

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!