Дома / Вицови / Си биле... / Поради пијанство

Поради пијанство

Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Албанец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува:
“Бидејќи не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две.”
Албанецот се спрема за казната и вика: “Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб.” После 25 удари паднала перницата.
Гркот исто бара: “Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници.” После 25 стапа и на него му паѓаат перниците.
Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: “Прва желба ми e 100 стапа наместо 50”.
Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. “А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!”

Обиди се со

Страшен пајак

Си биле Брус Ли, Чак Норис и Драган Вучиќ се натпреваруваат кој ќе го избрка …