Дома / Вицови / Разно / Поговорка

Поговорка

Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда на секој кој ќе успее да плива езеро полно со крокодили. Ако некој се обиде, но не успее, неговото семејство ќе добие 3 милиони долари.
Поминало некое време и немало кандидат, сите се мислеле, но никој не се осмелувал да заплива. Наеднаш еден од заинтересираните храбро скокнал и почнал да плива. Се борел, пливал во секој стил, се трудел со сета сила и на крај целиот искасан одвај успеал да стигне на брегот. И нормално тој налутен почнал да пцуе и прашал:
– Кој ме турна?!
Се испоставило дека тоа била неговата сопруга.
Од таму доаѓа поговорката: „Зад секој успешен маж стои жена“!

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …