Разно

Несреќа

Возач гази еден пешак на пешачки, и возачот му вели на пешакот: – Имаш среќа што сум доктор! А пешакот му вели: – А ти немаш среќа дека сум адвокат.

Повеќе...

Размена на мислења

Мало девојче ја прашува својата мајка: – Мамо, што значи изразот размена на мислења? – Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење.

Повеќе...

Јадење

– Келнер, ве молам сменете ми го јадењето! – Зошто, што му фали? – Пред 10 минути го сликав и го ставив на фејсбук и уште немам ниеден лајк.

Повеќе...

Вештачки цвеќиња

-Келнер, зошто цвекињата се вештачки? – Зашто сме во вегетаријански ресторан и порано кога стававме вистински гостите мислеа дека се за пред јадење.

Повеќе...

Поплака

Две пријателки разговараат. Едната и се жали на другата: – Не ми оди добро со мажите. Секогаш кога ќе се омажам од љубов, се покажува дека избраникот нема пари.

Повеќе...

Бричење

– А да те научам да се бричиш? – Не бе тато. – Види, доаѓа момент во пубертетот кога грдо изгледа бркот и.. – Реков не! -Добро ќерко, добро…

Повеќе...

Кикирики

– Докторе помогнете и! – Што е вака отечена? – Изеде кикирики. – Алергична е? – Не. – Па што се деси? – Мои беа кикириките!!!

Повеќе...

Операција

Во операциона сала, неколку минути пред да прими анестезија, пациентот го прашува докторот: – Докторе, успешна ли ќе биде операцијата? – Не се плашете господине, ова ми е 70ти пат. – Значи немам гајле? – Без грижа, еднаш мора да ми успее.

Повеќе...