Споменик на Наполеон. До него стојат тројца државници. Споменикот по едно време прозборува. Се свртува кон Трамп и му вели:
– Американецу, да ги имав твоите пари, немаше да ја изгубам битката кај Ватерло!
Почнува да му зборува на Путин:
– Русину, да ги имав твоите војници сибирци и Донски Козаци, немаше како да загубам кај Ватерло…
Почнува да му зборува на Зоран Заев. Другите двајца напрегаат уши што ќе каже.
– Зоки, Зоки – завидливо вели Наполеон – да ги имав македонските новинари, никој немаше да дознае дека сум ја изгубил битката кај Ватерло…
Обиди се со
Патарина
Во банка: – За што земате кредит? – Ќе возиме до Штип, на пастрмајлија…
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија