Избори

Умира премиерот на Македонија. Утредента оди кај Свети Петар.
– Здраво Г-дин премиер.
– Здраво Свети Петар!
Вие Г-дин премиер сте важна личност и наш ред е да ви дадеме право на избор каде сакате да идете, дали во Рајот или во Пеколот. Затоа ќе останете по еден ден и на двете места за да видите како е и сами да си одлучите каде сакате да останете.
Одат прво во Пеколот. Влегува премиерот, гледа огромен базен, жени околу него. До базенот бар и сите стари негови пријатели од матните денове костумисани и дотерани. Свири некој добар бенд, околу играат жени. Ѓаволот страшен, облечен во некое скапо сако, се расфрла со пари и со жени околу него. Убавина! Поминува првиот ден, премиерот презадоволен!
Вториот ден оди во рајот. И таму многу убаво. Тишина, зеленило како на Беровско езеро. Свири убава музика, мил народ насекаде… И таму си поминал многу убаво, арно ама Пеколот му напраил многу поголем ќеиф и одлучил таму да се врати.
Оди премиерот повторно во Пеколот, влегува и има што да види. Пусто, чад од сите страни, смрдеж на умрено, пријателите негови како бездомници, невестите грозни…
– Премиерот: Абе, ѓаволе, вчера бев тука супер беше, базен, музика, жени, што бидна?…
– Ааа, Г-дин премиере. Исто како кај вас. Тоа вчера беше предизборна кампања, денеска веќе си гласал…

Обиди се со

Автомобил

Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник. – Знаете, јас не можам …