Дома / Вицови (страна 223)

Вицови

Мама

Малиот Трпе му вика на татко му:
– Тато, мора да ја продадеме мама!
– Зошто бе сине? – Прашува Трпе.
– Па, јас више не цицам, ти више не ебеш, зошто да ја храниме? За комшијата?

Исповед

Маж се исповеда:
– Оче згрешив. Одам во паркот и зад една грмушка гледам Тој и Таа.
– Не е грев чедо. Тоа е нормално.
– Да, ама зад друга грмушка видов Таа и Таа.
– И тоа не е грев.
– Ама зад третата грмушка видов Тој и Тој.
– Ех синко… да дојдеше пред пет минути ќе видеше Јас и Јас!

Бурек

Седи дете покрај кејот кај камениот мост и плаче, поминува полицаец и го прашува детето зошто плаче.
– Ми падна бурекот во Вардар, затоа плачам.
Полицаецот за да го расположи му вика:
– Со што беше бурекот, јас ќе ти купам, со месо?
– Не беше со месо!
– Со сирење ли беше?
– Не беше ни со сирење!
– Аааа знам со спанаќ беше а?
– Не беше ни со спанаќ!
– Па со што беше бе!
– Со брат ми!

Фатаморгана

На Мујо и Хасо од жешкото време им се гледало дека на асвалтот има вода па решиле да рипаат. Мујо рипа од 3 спрат и доле се залепува на земја и му вели на Хасо:
– Хасо, рипај од 6 спрат тука е многу плитко.

Господ

На час по ликовно, наставнучката го прашува малиот Трпе:
– Трпе, што црташ?
– Господ, наставничке.
– Но Трпе, никој не знае како изгледа Господ.
– Сега ќе дознаете, наставничке.

Писмо

Плавуша оди во пошта да испрати писмо и службеникот и вика:
– Госпоѓо, имате ставено повеќе маркици од потребното.
– Леле, се надевам дека нема да стигне предалеку.

Преглед

После гинеколошки преглед, докторот се обраќа на пациентката:
– Рековте дека имате пријател кој се занимава со градежништво?
– Да!
– Епа, може да се каже дека господинот ви поставил камен темелник.

Заби

Другарите го прашуваат Трпе:
– Што ти рече Трпана кога се врати вчера дома во 5 сабајле?
– Баш ништо, а двата заба од напред и онака планирав да ги вадам.

Подарок

Дошло крај на школска година и сите ученици на учителката и донеле убаво завиткани подароци. Го земала учителката подарокот од синот на цвеќарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да се цвеќиња?
– Така е учителке. – одговорило детето
Потоа… го земала подарокот од ќерката на слаткарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да е кутија слатки.
– Да учителке. – одговорило девојчето.
На крај го подигнала подарокот од синот на газда на продавница за алкохол. Видела учителката дека нешто тече од кутијата, па земала малку со прстот, лизнала и прашала:
– Дали е ова вино?
– Не учителке.
– Да не е шампанско?
– Не е.
– Се предавам. Што е тогаш?
– Кутре.

Гости

Малиот Трпе го прашува својот татко:
– Тато што е тоа училиште?
– Тоа ти е сине како да одиш на гости, но да подучуваш нешто…
Дошло ден Трпе да оди на училиште. Отишол и се вратил. Утредента татко му го гледа Трпе и му вели:
– Ти бре, нели одиш на училиште??
– Не бе тато, секој ден не се оди на гости, ќе станам досаден.

Во автобус

– Мамо денес кога се возевме со тато во автобус, ми рече да станам за да седне една тетка – и објаснува малиот Трпе на мајка му.
– Епа добро си направил сине – му одговара Трпана.
– Ама мамо, јас седев кај тато во скут.

Вест

Доаѓа синот дома и татко му го прашува:
– Сине, има нешто ново на училиште?
– Да, има добра и лоша вест!!!
– Добро, сине ај кажи ја прво добрата вест.
– Конечно, тато ни изгоре училиштето!!!
– Како сине, па тоа не е добро, ај кажи ми ја лошата вест?
– Пожарникарите, што дојдоа да го изгасат училиштето ги спасија професорите!!!