Vicoteka.mk
24/01/2011
Изреки
516
Стрпливоста е важна работа, но таа нема да помогне петелот да снесе јајце.
Vicoteka.mk
24/01/2011
Виц на денот, Животни
3,276
Нилскиот коњ решил да оди накај океанот. Тргнал по реката и одел, одел се додека реката не се раздвоила. Тука застанал, видел некој алигатор и го прашал:
– На кај е океанот?
– Не знам почекај да го прашам брат ми.
Овој чекал саат, два, три и еве го алигаторот со брат му.
– Знаеш, не знаеме на кај е океанот и решивме да те изедеме!
Vicoteka.mk
22/01/2011
Виц на денот, Разно
1,789
Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
– Имате ли некоја последна желба?
– Да. Ве молам држете ме за рака.
Vicoteka.mk
21/01/2011
Виц на денот, Личности
629
Трпе му вели на синот:
– Сине, не трчај по секоја сукња. Во Шкотска сме.
vicotekamk
21/01/2011
Прашање - Одговор
443
Зошто докторите мразат јаболко?
– Затоа што едно јаболко на ден спасува одење на доктор.
Vicoteka.mk
20/01/2011
Виц на денот, Разно
3,859
Некој старец кој никогаш не бил на лекар оди на преглед. Влегува во болницата и застанува на шалтер, а сестрата го прашува:
– Повелете господине.
– Сакам да разговарам со некој лекар.
– А, што е вашиот проблем?
– Нешто не е во ред со мојот к*р.
– Како не ви е срам. Па тука има жени и деца. Требаше да кажете нешто друго, како на пример дека нешто не е во ред со вашиот нос!!!
Стариот засрамен излегол и се вратил наредниот ден. Сестрата пак го прашува:
– Што е проблемот господине?
– Нешто не е во ред со мојот нос.
– Така веќе може. А што во врска со вашиот нос не е во ред?
– Не можам да мочам низ него.
Vicoteka.mk
19/01/2011
Личности
974
Додека чистела дома еден ден, Трпана под креветот на својот син нашла садо-мазо списание. Целата запрепастена се јавила кај Трпе на работа и го прашала што да прави кога синот ќе се врати дома. Трпе размислил неколку секунди па и одговорил:
-Абе, што и да правиш само немој да го исплескаш.
vicotekamk
19/01/2011
Виц на денот, Личности
1,726
Мујо, Хасо, Цветко и Трпе се договарале да одат на кампување во планина. Два дена пред да заминат, жена му на Трпе му рекла:
– Ти нема да одиш на кампување!
Бидејќи ништо не можеле другите тројца пријатели да сторат, заминале без него. Кога стигнале таму, го начекале Трпе со запален оган, го прашале како успеал да ја убеди жена му. И Трпе им раскажал дека вечерта жена му дошла облечена во секси ноќница го однесла во спалната, му дала лисици и му рекла „Врзи ме“, Трпе ја врзал и таа му рекла „сега можиш да ми правиш што сакаш’“
– И еве, и направив што сакав.
vicotekamk
18/01/2011
Виц на денот, Изреки
902
Мрзливост – Би ви објаснил што е ама ме мрзи.
vicotekamk
18/01/2011
Разно
1,381
Разговараат двајца пријатели на телефон и едниот му вели на другиот:
– Јас ни пцујам,ни пушам,ниту пак пијам.
– Е тоа е убаво.
– Пу да ти е**м, ми падна цигарaта во пивото!
Vicoteka.mk
18/01/2011
Разно
1,733
Еден наркоман ја води својата ќеркичка во градинка. Ќеркичката сакала да се пошегува со таткото, со прстот покажала нагоре и извикала:
– Тато, тато! Види! Крокодил!
Наркоманот погледнал нагоре и одговорил:
– Есен е миличка, одат на југ.
Vicoteka.mk
18/01/2011
Информатички
1,745
Супер проводник оди да влезе у дискотека и вратарот му вика:
– Не може да влезеш!
Супер проводникот си оди без да пружи никаков отпор.
Vicoteka.mk
17/01/2011
Виц на денот, Разно
3,817
Постара госпоѓа разгледува претежно досадни слики во уметничка галерија, кога во еден агол забележува слика која и штрчи, па го прашува уметникот:
– Што по ѓаволите е ова???
– Па ова госпоѓо би требало да биде мајка со дете.
– А зошто не е?
vicotekamk
17/01/2011
Прашање - Одговор
509
Како се вика мајмун во минско поле?
– Бабуум!