Вицови

Склекови

Си бил еден пијаница. Едно утро налетал на човек што правел склекови во паркот. Пијаницава застанал, почнал да се врти околу него, го гледа од сите страни, и на крајот не додржал, му рекол: – Дечко, не ти се мешам во врската, ама мислам дека девојката ти киднала!

Повеќе...

Преживеани

Се случува несреќа на брод, единствени преживеани се Јапонец и Црногорец. Седат двајцата во чамец за спасување и Јапонецот прашува: – Што ќе правиме сега? А црногорецот одговара: – Аман бре, вие Јапонците само нешто да правите!

Повеќе...

Мезење

Трпе и Трпана отишле кај на Трпана мајката на гости. Бабата ги послужила со мезе и по некое време му вика на Трпе: – Трпе, мези! – Мезам, бабо, мезам! После некое време бабава пак: – Трпе, мези! – Мезам, бабо, мезам. После минута бабава пак: – Трпе, мези! – …

Повеќе...

Пијана вожња

Двајца пијани кавадарчани се возат во кола и одеднаш едниот му вика на другиот: – Ееее врти туа лево, обавезно вртии! А овој другиот му враќа: – Шо ја да вртам бе, ти возиш Торко еден, да а ебам мајка ти!

Повеќе...

Невработеност

Со гордост може да кажеме дека невработеноста двојно се намали. Причина за тоа е иселувањето на пола од невработените во странство за да работат.

Повеќе...

Цртам

Си бил некој сиромав човек кој многу убаво цртал но неможел да вика ц и еден ден дошле родителите на неговата девојка да го прашаат каков човек е за да можат да му ја дадат нивната керка. И таткото прашал: – Е синко ти што работиш? А човекот рекол: – …

Повеќе...

Дупка

Две плавуши разговараат: – Си направив уште една дупка на увото! – И како? Сега подобро слушаш?

Повеќе...

Напад

Се среќаваат Трпе и Цветко, Трпе тажен со модринки на лицето. Цветко го прашува: – Што се случува со тебе? Зошто изгледаш така? – Вчера зедов плата, ме нападнаа, ме претепаа и ми ги зедоа парите. – Им ги запомни ли лицата? – Е како нема да им ги запомнам …

Повеќе...