Дома / Вицови (страна 179)

Вицови

Логика

Скопјани во Охрид нарачуваат пиво, им го носат, го пробуваат и го викаат келнерот:
– Што си ни донел топли пива?
– Логика бе, скопјанишча, логика, ако имаше ладни, з’ш би ви носел топли?

Брзо возење

Џандар запира кола заради брзо возење и му вели на возачот:
– Друже, те чекав тебе цел ден!!!
На што возачот му враќа:
– Да? Епа ево, стигнав најбрзо што можев.

Кулинарство

Цветко влегол во ресторант и си нарачал плескавица. Кога му ја донеле, целата полна со влакна. Цветко се обратил на келнерот. Келнерот му кажал дека куварот бил инвалид, без една рака, па плескавиците ги плескал на гради. Цветко воздивнал и рекол:
– Добро што не си порачав полнети пиперки.

Самоуки

Неколку работи што децата ги учат сами:
– Кога мајка ти е лута на татко ти, не и давај да те чешла.
– Ако те удри сестра ти, не ја удирај и ти. Секогаш вториот го јаде стапот.
– Не кивај додека те шишаат.
– Не го оставај кучето да ти ја чува храната.

Забрането капење

Млада жена се соблекува и влегува во реката да се капе. Излегува Цветко од шумата и и вели:
– Капењето овде е забрането!
– Зошто не ми го кажавте ова пред да се соблечам?
– Соблекувањето не е забрането.

Сфаќање

– Одат француз, аргентинец и двајца каталонци! Сфаќаш?
– Не?!
– Епа ни цела одбрана на Реал Мадрид не сфаќа!

Клуч за рајот

Синот го прашува татка си:
– Тато, што има меѓу нозете на мама?
– Рај, сине!
– А што има помеѓу твоите нозе, тато?
– Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
– Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…

Наследство

Баба пред умирање му рекла на внучето:
– Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 22 398 750 долари.
Внукот гледајќи се себе си богат вели:
– О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма… Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
– …на Facebook.

Принцеза

Синот се шминка пред огледало, влага татко му, го гледа и му вика:
– Синко… Па ти педер си!
– Не бе тато, принцеза сум.

Младина

Мајката ја кара ќерката:
– Како не ти е срам, имаш 15 години и секоја вечер си со различен дечко! Што младина ќе бевте. Дури и 30тиот роденден ми го заборави!

Жени

Си биле наркоман, педофил и садист и си разговарале за тоа кој како ги сака жените.
Наркоманот: Јас сакам жени какво што сакам и виски – 20 години старо и измешано со кокаин.
Педофилот: Јас сакам жени каква што сакам и кока-кола, неколку години стара и малечка.
Садистот: Јас сакам жени какво што сакам и вино – 100 години старо и затворено во темна визба.

Пазар

Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
– Што е ова?
– Домати.
– Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
– А ова?
– Пиперки.
– Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
– Што е ова?
Цветко рекол:
– Тоа е леќа, ама не е за продавање.

Вирус

Си разговарале внучето и бабата:
Внучето: Бабо, мојот компјутер има вирус!
Бабата: Еее бабе, кога ти велев да се миеш раце пред да го фаќаш компјутерот.