TT
15/09/2011
Виц на денот, Прашање - Одговор
877
Што е брзина?
– Кога за 2 минути 15.000 литванци успеваат да ја напуштат салата.
petrucci
14/09/2011
Црн хумор
4,345
Оди Трпе кај Свети Петар и овој го прашува:
– Што те носи наваму чедо божјо?
– Абе бев кај еден пријател и си тргнав накај дома, ми се јави татко ми рече бил во близина и да сум го чекај кај семафорите ќе ме соберел.
– И?
– Ме собра.
dareee
14/09/2011
Виц на денот, Личности
919
Трпана му вели на Трпе:
– Кажи ми колку ме сакаш?
– Погледни нагоре, преброј ги ѕвездите, и ќе знаеш!
– Ама ден е!
– Е јебига.
Daniel
13/09/2011
Личности
987
Мујо и Хасо читаат весници и дебатираат меѓу себе. Мујо чита црна статистика и му вика на Хасо:
– Замисли, кај нас, на секои 3 дена страда една жена!
– Уф, како ли издржува кутрата!
Mix
13/09/2011
Виц на денот, Чак Норис
1,422
Што прави Чак Норис во лабораторија?
– Тепа Вируси.
Taci koj drug xD
12/09/2011
Виц на денот, Личности
4,276
Одат Трпе и Цветко во војска и командирот го прашува Трпе:
– Трпе што е татковината?
– Не знам!
– Ти си глуп! Цветко што е татковината?
– Татковината е моја мајка!
– Точно! Трпе што е таковината?
– Татковината е на Цветко мајка му.
– Ти идиоте! Тактовината е и твоја мајка исто така. Разбра?
– Разбрав!
– Што разбра?
– Јас сум на Цветко брат!
Аљоша Иваноски
12/09/2011
Еротски
1,401
Мајката и држи лекција на ќерката :
– Во момент на искушение прашај се дали вреди поради еден час на задоволство да го живееш цел живот срамно.
– Кажи ми ти мене мамо, како си успеала да го продолжиш задоволството на ЦЕЛ ЧАС???
Драги
12/09/2011
Златна риба
6,537
Грк фаќа златна рипка и таа му вели:
– Пушти ме и ќе ти исполнам 1 желба.
– Сакам да ја победиме ФИРОМ во кошарка!
– Извини, но посакуваш 2 желби.
DebaCat
10/09/2011
Еротски
5,627
Се жали преморена сопруга:
– Докторе, во последно време се повеќе губам сила.
– Колку пати неделно имаш секс?
– Три. Во понеделник, среда и петок.
– Пробај да ја прескокнеш средата, одморај малку повеќе.
– Не можам среда, докторе, тоа е единствен ден кога сум со мажот.
Muto
09/09/2011
Виц на денот, Разно
4,445
Си биле три деца и се фалеле на кој мајка му може најмногу да изеде наеднаш.
Првото дете: Мојата мајка има голтнато топче од пинг понг!
Второто дете: Тоа не е ништо, мојата има голтнато топче од тенис!
Третото дете: И тоа не е ништо, мојата мајка секоја вечер голта телевизор!
Првото и второто дете: Како бе телевизор?!
Третото дете: Па така, тато ќе си дојде од работа и ќе и каже на мама ај ма гаси телевизорот и лапај го!
Аљоша Иваноски
09/09/2011
Личности
3,609
На Трпе му се здосадил мачорот што Трпана го чувала како домашен миленик, па решил да се оттараси од него. Го однел со автомобилот некаде далеку, и кога се вратил, пред врата го дочекал истиот мачор. Следниот ден го одвел уште подалеку, но пак на враќање, пак на врата го пречекал мачорот. На крајот решил самиот да најде многу далечно место каде ќе го остави мачорот. Возел по патот, свртел десно, па лево, па преку некој мост, па низ автопатот па… и нашол едно далечно место, го оставил мачорот и избегал. Пoдоцна не се вратил дома туку и се јавил на Трпана и ја прашал:
– Жено, мачорот таму е?
– Да, еве го под масава.
– Епа дај ми го на телефон… се загубив, сега не знам да го најдам патот за дома…
DebaCat
09/09/2011
Личности
4,163
Отишол Влав на море и влегол во хотел да изнајми соба. На рецепцијата му велат дека нема слободни, освен оние свртени спрема морето кои, се разбира, се поскапи за неколку евра. Тој мисли, мисли, па прашува:
– А ако ветам дека нема да ѕиркам низ прозорецот?
Jas
09/09/2011
Виц на денот, Си биле...
3,619
Македонец, американец, германец и грк се качиле на облакодер.
– За Америка! – рекол американецот, скокнал и умрел.
– За Германија! – рекол германецот, скокнал и умрел.
– За Македонија! – рекол македонецот и го турнал гркот.
Makedonec
08/09/2011
Виц на денот, Златна риба
21,008
Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
– Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
– Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
– Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
– Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
– ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
– ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!