Вицови

Риби

Мујо купил аквариум и ставил риби внатре, а Хасо го прашува: – Мујо, од каде знаеш која риба е женска, а која машка? – Епа, ако ја изеде храната е машко, а ако ја изела храната тогаш е женско.

Повеќе...

Алкохоличари

Цветко ѕвони на телефон: ‎- Ало, дали е тоа советувалиштето за алкохоличари? – Да, повелете, како можеме да ви помогнеме? – Ќе може да ми кажете како се прави Мохито?

Повеќе...

Сонување

Трпе и вика на Трпана: – Те сонував драга како шекер, цела ноќ те лижев, уф уф уф.. – Па подобро ќе беше да ме сонуваше како бибер драги, па да ме толчеше цела вечер.

Повеќе...

Препишување

Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат: – Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа? А синот им одговара: – Немам, чекам да ми ја препишетe.

Повеќе...

Кинеско мачење

Патувајќи пеш низ азискиот континент, Цветко преспивал кај многу различни луѓе. Па така една вечер, во сред пустелија одејќи забележал една куќа каде горело светлото. Бидејќи немал каде да оди, а и веќе било доцна, се решил да праша да преспие таму. Во куќата го пречекал стар кинез, го нагостил, …

Повеќе...

Суши

Седеле двајца другари во ресторан. Доаѓа келнерот и прашува што ќе јадат. Едниот вика суши, келнерот го прашува другиот, а другиот одговара: – Не, јас со уста ќе си јадам.

Повеќе...

Слобода

Доаѓа Трпе дома од работа и ја гледа Трпана во секси долна облека со лисици и му вика: – Трпе врзи ме со лисиците и прави што сакаш со мене! Овој ја врзал и си отишол да фаќа риби.

Повеќе...

Бубачки

Цветко отишол во земјоделска аптека и побарал спреј против бубачки. Продавачот му рекол: – Има од 100 денари што убива 1.000 бубачки и од 50 денари што убива 500 бубачки. Цветко се свртел да замине, а продавачот го прашал: – Каде одиш? – Одам да ги избројам бубачките.

Повеќе...

Најсвежо

Некој господин редовно одел во истиот хотел со пет ѕвезди и секогаш го служел истиот келнер. Келнерот како и секогаш среден со крпа на раката го послужува: – Повелете господине? – Што имате најсвежо денес? – Незнам господине келнер сум, не работам во кујната. – Можe крпата малце? Овој збунет, …

Повеќе...