Дома / Вицови (страна 164)

Вицови

Работење

Трпе дава оглас во весник?
– “Ја повикувам мојата жена Трпана да се врати, како би го работеле она што не го работевме, бидејќи да го работевме тоа, она денес не би го работела она што го работи”.

Шопинг

Девојката: Не се чуствувам добро денеска.
Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг.
Девојката: Хаха, јас се шегувам!
Дечкото: Знам, и јас се шегувам.

Натпревар

Имало натпревар во борба на кучиња, и кучето на Цветко се живо исподавило и освоило прво место.
Еден од жирито возбудено го прашува што сорта е ова.
– Е па ова е специјална африканска сорта.
– Ама кучево како да е бричено, зошто си го избричил?
– Е па ако не го избричам го викаат лав!

Кражба

Во затвор лежат двајца крадци. Едниот за кражба на часовник, а другиот за кражба на крава. Крадецот на крават решил да се пошегува со крадецот на часовникот и го прашал:
– Колку е часот?
– Немам часовник, ама време е да ја измолзеш кравта!

Шеќер во прав

Трпе оди кај својот пријател доктор.
– Докторе, абе жената многу си ја сакам, ама некако не можам со неа да имам орелен секс, што да правам, што не е во ред со мене?
– Се е во ред со тебе Трпе, туку земи ти шеќер во прав, посопи ја, и ќе видиш колку ќе ти биде убаво, слаткоини, прсти ќе излижеш.
После некој ден ете го Трпе пак кај докторот, целиот потечен во очите.
– Што ти е бре црни Трпе?
– А бе се беше како кажа, слаткоини, ама кога ќе прднеше, тоа прав шеќерот се во очи ми одеше.

Вујко

Трудна сестра му вика на помалиот брат:
– Ај спремај се уште малку ќе станеш вујко!
– Буаааа, ама јас сакав да станам астроном!

Пакетчиња

Пред Нова Година Влавот му дава пиштол на комшијата и му вели во 24 часот да пукне два пати. Комшијата во 24 часот пукнал два пати со пиштолот и влавот им вели на внучињата:
– Го отепаа Дедо Мраз, нема пакетчиња!

Војска

Трпе се враќа од двегодишна служба во армијата. Трпана веднаш го легнува на спалната, но тој ја запира со решителен глас:
– Да излеземе да се прошетаме малку!
Излегуваат на ливадата:
– Го гледаш ли тоа прекрасно небо? – прашува Трпе.
– Го гледам. – одговара Трпана.
– Ги гледаш ли тие прекрасни борови?
– Ги гледам, ајде побрзо да одиме дома…
– Ги гледаш ли овие убави дабови?
– Добро ги гледам, и?
– Епа гледај ги внимателно и запомни ги, зошто наредните три месеци ќе го гледаш само таванот!

Одмор

Отишол Влавот на одмор во Грција. Отишол во хотел и гледа дека сите соби се полни освен оние со поголеми тераси кои се поскапи. На Влавот не му било згодно, па прашал:
– Дали може да ја намалите цената на собата ако ветам дека нема излегувам на тераса?

Инфаркт

Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

Брзање

Цветко го гледа растрчан Трпе и го прашува:
– Каде брзаш бе комшија?
– Еве, накај дома. Бев ручек да купам за Трпана!
– Зошто? Да не е болна?
– Не бе, гладна!!!

Тестирање

Баба Цвета сакал да ги провери свои три зета колко гу сакав, и решила да ги тестира.
Викнала га првога зета на гости и рипнала у реку да се дави. Зет рипнаја по њума и гу спасија. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Фиќо с’с поруку:
– Пуно фала. – твоја баба.
Другу недељу викнала га другога зета и исто. Рипнала да се дави, зет улегнаја у реку и гу спасија. И баба Цвета и на њега му купила ново Фиќо с’с поруку:
– Пуно фала. – твоја баба.
Треќу недељу викнала га и најмалога зета и исто. Рипнала у воду да се дави, а зет завртеја главу и баба Цвете се удавила. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Ауди с’с поруку:
– Пуно фала – твој дедо.