Грешка

Трпана оди на ветеринар и докторот и вика:
– Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни… Вие треба да одите во државна болница.
– Сум погрешила!? Кога се будам наутро изгледам како раскубана кокошка, на пат до работа висам како мајмун по автобусите, во фирмата работам како магаре, мажот навечер ми вели: “дојди, маче” а наутро “станувај, краво”… И вие велите дека јас сум погрешила?!

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!