Досада

Трпе оди кај поп Стефан да бара помош:
– Попе ќе ја оставам Трпана, ме вара!
– Остави ја, му вика попот.
– Ама како да ја оставам кога толку години сме заедно?
– Па не ја оставај тогаш, му враќа попот!
– Како да не ја оставам кога жива ја фатив како ме вара.
– Па, остави ја!
– Ама како да ја оставам, заедно куќа сме граделе.
– Па, не ја оставај.
– Море ќе ја оставам, со кумот Цветко ме вара.
– Па остави ја.
– Како бе да ја оставам, пари заедно печалевме.
– Па, не ја оставај.
– Ќе ја оставам, и со други ме вара.
– Па остави ја.
– Ама како да ја оставам кога деца заедно изродивме.
– Имам лек за овој проблем. Да ја смениш верата, вели попот.
– И што со тоа бе попе?!?
– Па така нема да ми досаѓаш мене туку на оџата Насер.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!