Дома / Вицови / Личности / Популарност

Популарност

Цветко работел како чувар во една фабрика и еден ден на посета му доаѓа премиерот. Кога поминале покрај Цветко премиерот му извикал:
– Цветко, ти ли си бе?
– Јас сум бе Грујо, – одговорил Цветко.
На шефот му станало многу чудно тоа што премиерот го познава Цветко, па откако си заминал Грујо го повикал Цветко во неговата канцеларија.
– Абе Цветко од кај се знаеш ти со Грујо?
– Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?

Цветко работел како чувар во една фабрика и еден ден на посета му доаѓа премиерот. Кога поминале покрај Цветко премиерот му извикал:
– Цветко, ти ли си бе?
– Јас сум бе Грујо, – одговорил Цветко.
На шефот му станало многу чудно тоа што премиерот го познава Цветко, па откако си заминал Грујо го повикал Цветко во неговата канцеларија.
– Абе Цветко од кај се знаеш ти со Грујо?
– Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
– Како тоа бе Цветко?
– Така бе, нема жив човек на светот што не ме познава!
– Те знае ли бе Барак Обама?
– Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!
– Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае…
И одат Цветко и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел Обама:
– Oo Cvetko, what a wonderful surprize! Come on in, Obama is in the backyard!
Вилицата на шефот до земја! Не му се верува што гледа! И вика:
– Цветко, нема шанси тебе папата да те знае!
– Хаха, шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!
– Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма!
Одат во Ватикан, Недела ден…Папата од Балконот миса држи, а илјадници верници пред него..
– Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.
Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди. Се качува Цветко на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Цветко исто до него, двајцата насмеани и мафтаат…. Се симнува Цветко доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг. Се турка Цветко, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува…
– Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!
– Цветко, не можам, Цветко бе…
– Кажи шефе, кажи!
– Се можев да поднесам, и Грујо и Обама, те гледам и тебе горе со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:
– Абе, кој е оној горе до Цветко?!

 

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!