Адреси

Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда.
– Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!
– Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости…
– Не можам оче срам ми е!
– Да не е со Митра на воденичарот?
– Не оче, голем грев, ми изгоре душата…
– Да не е со Јана на грнчарот жена му?
– Не оче… Ќе се варам цела вечност во Казан!
– Да не е со снаата на даскалот Трајан?
– Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам…
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
– За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш?
– Ништо комшија, за адреси дојдов.

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!