Дома / Вицови / Личности (страна 20)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Во брак

Другарите го прашуваат Трпе како му е во брак.
– Лошо, мислев дека Трпана ќе готви како мајка ми, а испадна дека пие како татко ми!

Очекувања

После првата брачна ноќ Трпана му вели на Трпе.
– Да знаеш не ги исполни моите очекувања.
– Е што можам, ти реков дека ќе ја исполнам празнината во твојот живот, од кај да знам дека толку е голема!

Каде е виното?

Трпе бил чувар во винарска визба и бил откриен од контролата дека му фалат 300 литри вино:
– Епа Трпе, кажувај каде е виното?
– Го испив.
– Сите 300 литри?
– Неее, испив околу сто литри и уште толку однесов дома.
– Ама останале уште сто литри?
– Тие ги продадов.
– И… каде се сега парите од продажбата?
– Ма кои пари, се запивме со другарите у кафана.

Гасови

Отишла Трпана на лекар:
– Докторе, имам проблем. Ептен испуштам гасови. Уствари тоа и не е толку голем проблем, затоа што гасовите не смрдат и се бесшумни, само што многу зачестија. Еве и сега, додека разговарам со вас, можда дваесет пати испуштив гасови, а вие ништо не приметивте.
– Аха, земете ги овие апчиња и дојдете на контрола за една недела.
По една недела еве ти ја пак Трпана, ептен налутена:
– Докторе, нешто се случи со моите гасови откако почнав да ги пијам апчињата. Уште се бесшумни и многу чести, само што сега почнаа ептен да смрдат.
– Добро, синусите ги излечивме, а сега да видиме што може да направиме и со вашиот слух.

Многу повеќе

Трпе:
– Тато, запознај се со мојата девојка, Трпана.
А таткото:
– Можеш ти многу, многу подобро, не е за тебе.
Трпе:
– Тато, те молам не збори така пред нејзе!
– Не ти зборам тебе бе! На Трпана и зборам.

Туристичка атракција

Цветко забегал во некое село и прашува некоја бабичка:
– Извинете, има ли во селово некоја туристичка атракција?
– Имаше синко, ама се омажи лани.

Маса

Трпана го фаќа Трпе во кафич со комшивката:
Трпана: Што има помеѓу вас?
Трпе: Една Маса и 2 кафиња.

Вино

Трпе оди во винотека и прашува:
– Може вино?
– Црвено или бело?
– Нема врска,за дедо ми е ионака тој е слеп!

Ајфон

Трпана му вика на Трпе:
– Душо сакам да ми купиш ајфон.
– А тој другиот шо го имаш?
– Тој ќе ми купи лаптоп.