– Докторе цело време сонувам како играм фудбал.– Земи ги овие апчиња и ќе ти помогнат да заспиеш.– Не можам докторе, вечер е финалето.
Повеќе...Кондиција
Другари прават муабет:– Мора да ја одржуваш кондицијата. Пример баба ми почна да пешачи на 60 години, сега има 94 и сеуште не знаеме каде е.
Повеќе...Пита
Oтишле Aнџелина Џоли и Бред Пит во пекара, и Анџелина рекла:– За мене баничка, а за Бред пита.
Повеќе...Слушање
– Мамо изгледа дедо подобро слуша! – Од кај знаеш? – Па, вчера кога на вратата удри гром, дедо стана и свика:– Повелете, влезете…
Повеќе...Скржавец
– Денес потрошив 6000 денари – се пожали еден скржавец на својот сосед. – А за што си ги потрошил? – Купив 100 евра…
Повеќе...Мафиозо
Малиот Марио се враќа дома од школо плачејќи.– Мамо, мамо сите во школо ме викаат мафиозо. – Немај гајле сине утре ќе одам кај директорот. – Фала мамо ама те молам нека изгледа како незгода.
Повеќе...WC
Докторе имам депресија. – Најдобро средство е да се нурнете во работата. – Ама, докторе јас сум чистач на ВЦ шољи.
Повеќе...Бесплатнно
Си била некоја жена и тргнала накај такси:– Колку треба за до железничка? – 200денари.– А за куферите? – За куферите не се плака.– Епа тогаш ти однеси ги куферите, а јас ќе одам пешки.
Повеќе...Пеење
Комшии разговараат:– Се надевам ќе го продадете кучето, ќерка ми вчера не можеше да го заврши часот по пеење, зошто вашето куче цело време завиваше.– Извинете, ама вашата ќерка прва започна.
Повеќе...Повторување
Пациентот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!Докторот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!
Повеќе...Зајак
Судијата се обраќа на обвинетиот:– Како сте смееле да го убиете зајакот, кога не сте член на ловечко друштво?– А како зајакот смее ми ја јаде зелката, а не е член на мојата фамилија?
Повеќе...Агроном
Две пријателки разговараат:– Што беше по занимање твојот маж?– Агроном на музички смер.– Како тоа?– Па така, свири додека овците пасат.
Повеќе...Разговор
Две пријателки се сретнуваат и едната и вика на другата:– Јас и маж ми се разведовме.– Аман бе, зошто?– Па можеш ли да живееш со човек кој цело време пие, пуши, се дрогира и не прави ништо?– Се разбира дека не можам.– Епа не можеше ни маж ми.
Повеќе...Гледа
Доаѓа жената од работа возбудена и одма кажува на мажот дека имала необична глетка на работа.– Знаеш ли кај мене еден човек на работа се соблече и на градите истетовирал сонце, на стомакот една убава месечина, и најважното, мажу мој, на пенисот напишал Александар Македонски.А овој скептик рекол:– Што има …
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија