Дома / Вицови / Дегустатор

Дегустатор

На оглас за дегустатор на вино се пријавил некој тежок пијаница.
Директорот на фирмата сакал брзо да го откачи, па му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мускат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Кабарне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна, да зборнеме за платата или да кажам кој е таткото?!

Обиди се со

Кондури

Влегува Цветко во продавница за обувки и прашува: – Извинете, колку пари се кондуриве? – …