На некоја забава Трпе малку поднапиен, бил во центарот на вниманието цела вечер. Кога ја напуштиле забавата, Трпана го прашала:
– Мажу, дали ти рекол некој некогаш дека си прекрасен, толку романтичен и згоден?
– Не, не верувам дека некој ми рекол. – Одговорил Трпе.
– Па од каде ти лудата помисла дека си?
Размислување
Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
– Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
– Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго… можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
– За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа… не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
– Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!.
Кабриолет
Факултетски човек
Слеп виц
Совет
Потрефување
Плаво на ѕид
Мување
Летен распуст
Учителката го прашува Мали Џокица како си поминал за летниот распуст.
Џокица одговара:
– Прво, јас не сум Џокица, јас сум Џорџ.
– Како второ, за распустот бев во Америка и супер си поминав. Цело време се качував на веранда, па се симнував од веранда, па јадев, па пак се качував на веранда, па се симнував, па спиев, па пак се качував на веранда и така цело време.
– Добро, седи. Ајде ти Верице кажи ни како си помина.
Верица одговара:
– Прво, јас не сум Верица, јас сум Веранда.