Дома / Вицови (страна 420)

Вицови

Фацата

Во војска имаат тренинг за ставање на гас маски. И старешината вика:
– Маските на лице! – и сите ги ставаат маските.
– Тргнете ги маските – и сите ги тргаат.
Му се приближува на еден војник и му вика, абе јас кажав да ја извадиш маската!
– Ја извадив друже!
– Пу да ти ебам фацата!

Замена

Оди Цветко во трафика и купува цигари. Гледа на кутијата пишува "Пушењето предизвикува импотентност". Се враќа и му вика на дечкото што работи во трафиката
– Извини, може да ги сменам цигариве за оние рак што се добиваше од нив?

Палење

Отишол Мујо на работа во Германија и нашол работа како дрвосечач. Првиот ден сите исекле по десет кубика дрва, Мујо само три. Запнал утре депта и исекол одвај пет кубика. За да не го избрка газдата, отишол кај некој Црногорец да се распраша како тој сече дрва. Овој му вели:
"Јас ти станувам рано, во 10 часот, појадувам, ќе се напијам кафенце, па ќе испушам една цигара, па потоа ќе отидам во шумата и ќе ја вклучам пилата…"
"Па, зарем ти ја вклучуваш…?

У рака

Цветко имал голем мерак да се јавува по телефон во доцните ноќни часови на непознати особи. И се јавува на некоја млада девојка:
– Здраво срцка. Имам изненадување за тебе. Ако погодиш што држам во мојата десна рака, ќе ти покажам малку вистинска акција.
– Слушај бе, батка. Ако можеш да го држиш само со една рака, не сум заинтересирана!

Супа и 100 денари

Му вели жената на мажот;
"На еден питач му дадов цела чинија супа и сто денари."
"И тој ја изеде таа супа?"
"Да."
"Е, тогаш ги заслужил тие сто денари."

Златна риба

Биле Џемо и Трпе на риболов, и фатиле златна рипка:
– Пуштете ме ве молам, ќе ви исполнам на двајцата по една желба.
– Џемо: Е па, добро тогаш, ај на земјава само жени да има.
– Трпе: Алал да ти Џемо, ај ти сега педер да станеш!

Кариера

Го прашува учителката Игорче:
-Игорче,кој е најголемиот борец за кој си слушнал?
-Гоце Делчев учителке.
-Браво.Седи,петка.
Седнува Игорче,вади од под клупа слика и шепнува:
-Извини Рамбо,ама кариера си е кариера.

Печалба

Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен. За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:
-Која е оваа бе?
-Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот. Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга,со женска на соседната маса.
-Која му е онаа на Гоце?
-Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:
-Ха, нашата е поубава.

Ретровизор

– Цветко, Цветкоо..
– Шо е ма жено?
– А бе ти го скршив десниот ретровизор.
– А го скрши или го згмечи?
– Не знам, колата е превртена на таа страна!

Цвеќиња

На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
– Љубичица!
– Браво, многу убаво.
– Нарцис, учителке..
– Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
– Оргазам учителке!
Тоа не е цвеќе Трпе!
– Да учителке ама, многу, многу е убаво!

Романтика

Цветко на првиот состанок.
– Ја гледаш реката?
– Да.
– Ја гледаш планината?
– Да.
– Ја гледаш Месечината?
– Да.
– Е, па, доста романтика, одиме во кревет.