Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку дужам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Ови разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.
Кујнски дневник
Понеделник
Се преселивме во новата куќа, многу ми е забавно да му готвам на мојот Перо. Денеска му направив многу убав колач по рецептата: “Одвоено мешајте 12 јајца”. Но иако немав доволно садови за мешање морав да позајмам од соседството за да ги изматам сите јајца одвоено. НО на крај сето тоа ми се исплати бидејќи колачот испадна супер.
Повеќе…
Погреб
Муте
Писмо
Смрт
Олимпијада
Еј, некој јадел од мојот тањир
Зет
Татко влегува во соба кај ќерка си и ја затекнува како користи вибратор.
– Ќерко мори, за тебе маж нема ли?
– Не бе тато, јас сум модерна девојка, не одам со машки за да не ме оговараат после. Затоа ја користам техниката.
Следниот ден се враќа ќерката вечерта дома и го затекнува татко си на маса со две чаши ракија и вибраторот.
– Што правиш бе?
– Еве ќерко, го викнав зетот на по една ракија.
Адам и Ева
Ева станала љубоморна една вечер кога Адам се вратил дома покасно, па му викнала:
– Ти се гледаш со друга жена!
– Ај не биди глупава, ти си единствената жена тука.
Си легнале тие заедно, и на сред ноќ Адам го буди боцкање по градите. Ја гледа Ева и ја прашува:
– Што ми правиш, ма?
– Ти ги бројам ребрата.