Дома / Вицови (страна 284)

Вицови

Цунами

Откога сфатил дека цунамито е штетно за луѓето, Чак Норис престанал да ги пере алиштата во океанот.

Бурек

Влегува Цветко во бурекџилница:
– Добар ден, четврт бурек со месо.
– За носење?
– Е не, тебе ќе ти го оставам!

Кафе и сено

Отишол Трпе да полага испит на факултет и појма нема, ништо не знае. На професоркава и досадило да го испрашува и ја повикала жената од бифето:
– Ај те молам донеси едно кафе, и малку сено за магарето.
Трпе додал:
– Ако може со екстра шеќер и малку млеко.

Јубилеј

На десетгодишнината на Трпе и Трпана:
– Трпе, се сеќаваш ли кога ме праша дали ќе се омажам за тебе? Од среќа останав без зборови и саат време ништо не прозборев?
– Како не се сеќавам, па тоа беше најсреќниот час во мојот живот.

Испит

Студент по ветерина полага испит.
Професорот имал некоја птица во кафез, која била покриена со чаршав. Го поткрева малце чаршавот колку да и се видат нозете на птицата.
– Колега, која е оваа птица?
– Појма немам!
– Е па жал ми е колега, паднавте, кое е вашето име?
Овој ги поткрева панталоните колку да му се видат малце нозете…
– Е, ај погодете!

Боди

Трпе и Трпана се сексаат и Трпана му вика на Трпе:
– Боди, Трпе, боди!
– Бодам мори Трпано, бодам, ама не сака да влезе!
– Абе бодито Трпе, соблечи ми го бодито будало!!!

Спомени

Стои баба пред огледало и се критикува.
За своето лице таа вели:
– Во младоста ми беше мазно како путер, а сега целото со брчки.
За своите гради:
– Какви ми беа во младоста,б ујни и исправени, а сега виснале и еден папок меѓу нив.
И на крај, за својата вагина:
– А ти мори, кога бев млада од уста делев за на тебе да ти дадам.

Скржави

Како скржавите луѓе ги хранат своите деца?
Најпрво им кажуваат:
-Кој не сака да појадува, ќе добие еден денар.
Децата радосни излегуваат надвор да си играат.
За време на ручек:
– Кој не сака да руча, ќе добие уште еден денар.
Децата продолжуваат да си играат.
Кога ќе се изморат децата, за време на вечерата:
– Кој сака да вечерa, нека плати два денари.

Копнени животни

Зајакот се издрогирал една вечер, па фатил да плива во поточето. Го виделе другите шумски животни и почнале да му викаат:
– Зајко бе, излагај од вода, ќе се удавиш!
А зајаков им одговара:
– Ебете се вие копнени животни!!!

Бандера

Оди куче по улица и наидува на бандера и застанува да се измоча. По мочањето вика:
– Уфф, да не беше бандерата ќе се помочав…

Слух

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.
Почнал Супермен и вика:
– Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете.
На тоа Брус Ли му враќа и вика:
– Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.
И на крај Чак Норис вика:
– Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.