Цветко мртов пијан вози обратно во еднонасочна улица. Го сопира полицаец.– Господине гледате ли што правите, кај сте тргнале?– Хик, појма немам, и онака каснам, гледам сите веќе се враќаат.
Повеќе...Опера
Малиот Трпе го однеле на опера малку културно да го воздигнат.– Мамо, зошто оној мавта со стапот?– Сине тој е диригент.– А зошто и се заканува со стапот на дебелана тетка?– Ма не и се заканува…– А зошто тогаш она вреска?
Повеќе...Струен круг
Колку плавуши се потребни за да се затвори струен круг?– Две. Едната се бања а втората и подава фен!
Повеќе...На ручек
– Како на англиски ќе кажете дека во недела бабата нема да ви дојде на ручек?– Yes!
Повеќе...Хемороиди
Трпе и Трпана у парк седат на клупа и се пипкаат. До нивната клупа си седи дедо. – Трпанче, ти си мој лек, ти си лек за моето срце, ти си лек за мојата душа!Дедото:– А хемороиди, лечи?
Повеќе...Келија
Влегува управникот на затворот во келијата на Цветко:– Зошто бе Цветко не стануваш да го поздравиш управникот?– Мене ми рекоа дека треба две години да лежам!
Повеќе...Поморство
Шетал Грујо по Виена кога видел една зграда на која пишувало “Дирекција за поморство”. Почнал Грујо да им се смее на Австријците… види ги овие немаат море, а имаат дирекција за поморство. А тие му рекле:– Па и вие имате министерство за економија!
Повеќе...Збунет
Зошто полицаец кога дошол дома ја фрлил цигарата на кревет и се фрлил низ прозорец? – Се збунил.
Повеќе...Тонење
Некој брод почнал да тоне и капетанот им се обраќа на патниците:– Имам за вас две вести, едната добра а другата лоша која сакате прва да ја слушнете!?И патниците рекле:– Ајде прво лошата.– Епа вака лошата е дека бродот тоне, а добрата е дека сме одалечени само 4 километри до …
Повеќе...Кираџија
Кираџија и се обраќа на газдарицата:– Жал ми е, овој месец нема да можам да ја платам станарината.– Тоа го рековте и минатиот пат.– Да го реков и гледате… си го држам зборот!
Повеќе...Чај
Си биле две плавуши и отишле во кафич. Едната плавуша нарачува: – За мене еден хибискус.А другата со зачудување ја прашува:– А што е тоа хибискус? – Епа тоa е чај.– Епа ок тогаш, јас ќе земам еден хибискус од камилица!
Повеќе...Акција
Што би се случило кога македонски политичари би се нашле во Сахара? – Првиот ден би се чуделе. Вториот ден би имале состанок. Третиот ден би поскапела песокта.
Повеќе...Крадец
Полицаецот брка крадец и му се дере:– Застани бе, застани!А овој му вика :– Ти застани, тебе никој не те брка!
Повеќе...Проблем
Пациентката: Докторе, зошто после пушење цигара мислам само на секс?!?Докторот: Ај прво да запалиме по една цигара, па после ќе видиме што е работата!!
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија