Дома / Вицови (страна 257)

Вицови

Задача

Наставничката ги испрашува учениците:
– Што ни дава кокошката?
– Јајца!
– А што ни дава кравата?
– Млеко!
– А козата?
– Задача.

Предмет

Си биле Американец, Македонец и Французин. Се возиле во едeн брод и кога стигнале на сред океан испаднал ѓаволот и им рекол:
– Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот да го барам, ако ја најдам ве јадам.
Прв бил Американецот, барал, барал во торбата и нашол една игла, ја фрлил. После 10 минути ѓаволот се фрлил во океанот и ја нашол иглата и го изел американецот.
Следен бил Французинот. Скинал едно влакно од косата и го фрлил. По 10 минути ѓаволот се фрлил и го нашол и го изел и него.
Македонецот извадил нешто бело од џебот и го фрлил. Ѓаволот се насмевнал, а Македонецот рекол:
– Ова нема да можеш да го најдеш.
По 10 минути ѓаволот се фрлил и барал 1 саат, 2 саати, 5 саати, 1 ден го немало ѓаволот. Излегол од и рекол:
– Добро тебе не те јадам, спасен си само кажи ми што фрли?
И овој македонецот рекол:
– Ти кажав дека не можеш да го најдеш, фрлив шумеча таблета.

Прст

Прекрасна девојка се омажила за 80 годишен старец поради парите. На првата брачна ноќ девојката легнува во кревет, а дедото држи пет прсти. Девојката:
– Оооо душо, дали тоа значи пет пати?
– Не драга, тоа значи да си одбереш еден прст.

Глупост

Врвна глупост е кога родениот татко ти објаснува дека си постанал од мајмун.

Пајак

Две плавуши се возат низ град и бараат паркинг, едната ја прашува другата:
– Како да спречам пајак да ми ја земе колата?
– Па згази го со нога.

Камата

Доаѓа Трпе дома камен пијан и Трпана почнала да му вика:
– Како не ти е срам бе, пијаничиште едно, толку пари трошиш на алкохол, наместо да ги ставаш во банка и да штедиш.
– Е Трпано, многу ти е добра математиката.
Па ти знаеш ли дека во банка има само 6 проценти камата, а во ракијата има 46 проценти.

Трансплантација

– Како се чувствуваш после операцијата?
– Добро е, само една од лошите работи при трансплантација на белите дробови е што првите неколку пати кога ќе се се искашлаш шлајмот не е твој.