Вицови

Генерал

Мајката го прашува малиот Трпе:– Како се осеќаше на последниот час денес?– Како генерал. Стојам во став мирно, и ја гледам мојата единица.

Повеќе...

Жуљ

Се враќаат Мујо и Хасо од работа и Хасо го прашува Мујо:– Што ќе правиш кога ќе стигнеш дома?– Ќе ги искинам гаќите на жена ми.– Де бре, толку си напален?– Не бе, многу ме жуљаат.

Повеќе...

Жалење

Цветко се жали на кумот:– Бев на лекар заради пиењето!– И? Што ти кажаа?– Докторот ми рече дека може да пијам само по една чаша пред спиење.– И сега што ќе правиш?– Сега спијам 8 пати на ден по еден саат!

Повеќе...

Мижење

Пијат двајца другари во кафана:– Зошто мижеш додека пиеш?– Докторот ми кажа дека не смеам да погледнам алкохол.

Повеќе...

Алергија

Грујо фатил алергија и отишол на доктор. Докторот го прегледал и му рекол: – Слушајте г-не Премиере, алергијата ви се појавува од прашокот за перење. Кога се вратил дома ја прашал жена му:– Злато, каков прашок користиш?– Дуел злато, дуел!

Повеќе...

Пушење

Трпе ја кара Трпана:– Доста пушиш бе, аман више, престани еднаш со тие цигари. Пуши ја барам онаа работа, кога веќе мораш…– Како бе да престанам, ебате, кај да ги најдам 20 комада на ден?

Повеќе...