Дома / Вицови (страна 240)

Вицови

Шпагети

Разговараат две плавуши:
– Денес бев со дечко ми во ресторан и јадев шпагети.
– Со што?
– Со лажица, се разбира.

Лав

Одат Мујо и Хасо во пустина и по некое време го снемува Мујо. Кога се вратил радосен му вика на Хасо:
– Хасо да видиш што сум направил.
– Што си направил бе?
– Му ја исеков опашката на еден лав.
– Како бе му ја исече опашката? Што не му ја исече главата?
– Сакав главата, ама некој пред мене му ја исекол.

Кондиција

Другари прават муабет:
– Мора да ја одржуваш кондицијата. Пример баба ми почна да пешачи на 60 години, сега има 94 и сеуште не знаеме каде е.

Зборови

Цветко се занесува на улица:
– Немојте да се заебавате со мене, јас знам карате, кунг фу, аикидо, кик-бокс, џит кун до и уште 50 други опасни зборови!

Муабет

– Дедо Попе дојдов да се исповедам,многу грешев.
– Ајде кажи ги гревовите ќе ти прости Господ.
– Абе Попе ја дома муабет, муабет, изеба жената, па муабет, муабет изеба балдзата, па муабет, муабет и зето го изеба, па муабет, муабет и комшиката ја изеба па дојдов накај црквата муабет, муабет и другарот го изебав…
– Доста, доста бе полека, полека излевај од тука и мене ли сакаш да ме муабетеш.

Уши

Мајка ти има толку големи уши, сабајле слушнала кога сонцето излегло.

Голема разлика

Некој странец по грешка влегол во душевната болница „Бардовци“ наместо на универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Откако ја увидел својата грешка, му рекол на чуварот:
– Ми изгледа дека и нема некоја голема разлика меѓу универзитетот и лудницава?
– О, има, господине, овде морате да покажете некаков напредок за да ве пуштат! – Рекол чуварот.

Југо

Трпе му ветил на синот дека ќе му купи кола ако заврши факултет. И детево учело, учело и завршило факултет. И татко му му купил Југо. Како што бил полничок синот едвај се напикал во колата.
– Аман бе тато, неможеше некоја поголема кола да ми купиш?
– Само ти развози ја сине, ќе се пушти таа!