Дома / Вицови (страна 215)

Вицови

Омраза

Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Цветко, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
– Мислам дека ќе одам по кока-кола.
На тоа Цветко му вели:
– Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, Цветко ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
– До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-кола и слично..

Срце

На часот по биологија наставничката испрашувала и го прашала Трпе:
– На која страна се наоѓа срцето?
– На 65 страна од нашите учебници.

Лас Вегас

Се вратил Трпе еден ден од работа дома и ја нашол Трпана како седи на прагот со спакувани куфери. Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла:
– Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе.
Размислил Трпе малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај Трпана. Таа го прашала:
– А каде пак ти планираш да одиш?
– Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.

Режија

Плавуша прашува друга плавуша:
– Со што се занимаваш?
– Па со режија!
– Аха, тоа е она струја, вода..?

Полагање

Полагаат Трпе и Трпана за возачка дозвола.
Отишол Трпе со комисијата во една кола на една страна, а Трпана со друга кола и комисија на друга страна. После пола саат се среќаваат на местото од кај што тргнале:
– Шо напраи бе Трпе, положи ли?
– Ма јок бе, ме изебаа на онаа кривината кај Зоолошка и ме бутнаа. Ти шо направи?
– И мене ме изебаа, ама положив.

Река

Стои мравката на брегот од реката и плаче. Доаѓа слонот.
– Зошто плачеш?
– Сите мравки ја поминаа реката преку едно гранче, и таман јас да поминам, гранчето се скина.
– Немај гајле, ај качи се на мене ќе те пренесам.
И ја пренел.
– Еј слону, фала ти многу ти си најдобар…
– Немој ти мене фала, од фала не се живее, ајде сега соблекувај тоа гаќите!

Пенис

Како жените го нарекуваат машкиот полов орган?
– Од 18 до 25 години: Жељко.
– Од 25 до 35 години: Твртко.
– Од 35 до 45: Неделко.
– Од 45 до 55: Мирко.
– Од 55 до 65: Споменко.

Годишни времиња

Наставничката им предавала лекција на учениците за годишните времиња и го прашала малиот Трпе:
– Кога лисјата паѓаат?
– Во 20:30 на А1.

Бабички

Две бабички седнале во кинески ресторан и побарале храна и прибор за јадење. Кога келнерката им донелаа стапчиња за јадење тие и рекле:
– Ние баравме прибор за јадење, а не прибор за плетење!!!