Дома / Вицови (страна 183)

Вицови

Панталони

Го прашале Цветко:
– Што значи тоа ако во едниот џеп имате 100 евра, а во другиот 200 евра?
– Тоа значи дека тоа не се моите панталони!

Цреши

Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!

Мисла

Би сакал да ти кажам само една мисла, ама не знам дали би имал каде да ја сместиш.

Бандит

Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
– Зошто касниш?
– Ме нападна еден бандит!
– Ииии! Што ти направи?
– Ми го украде домашното.

Запознавање

Никогаш нема да го заборавам моментот кога се запознавме, ама ќе продолжам да се обидувам.

Четворка

Малиот Трпе и се обраќа на Трпана:
– Мамо, се сеќаваш ли кога ми рече дека ако добијам 4 ќе ме пуштиш да си играм цел ден?
– Да, зошто?
– Денес можеш да ме пуштиш половина ден!

Неверство

Отишол Трпе дома и ја гледа жена му со друг во креветот, и им вели:
– А бре Трпано еднаш сама да беше во креветот.
А на тоа Трпана му вели:
– А ти еднаш да дојдеше покасно дома.

Среќа

Ти си среќна што си родена убава, за разлика од мене што сум роден – лажго.

Педер

Му реков на дечко ти дека е педер и тој ме мавна со ташната.

Вегетаријана

Трпе се јавува во пицерија и порачува пици, за него си порачува Капричиоза, за Трпана со Морски Плодови и го прашува малиот Трпе:
– Сине каква за тебе?
– За мене Вегетаријана со месо!