Дома / Вицови (страна 182)

Вицови

Болви

Цветко ја прашува аптекарката:
– Имате ли прашок за болви?
– Имате куче или маче?
– Имам болви…

Бајка

Ќерката ја прашува мајката:
– Мамо дали секоја бајка почнува со она: „ Еднаш многу одамна…“?
– Не, ќерко. Татко ти, на пример, ја започнува вака: „Душо вечерва пак имам деловен состанок…“

Трет маж

– Вие многу ми личите на мојот трет маж.
– Навистина? А колку пати се маживте?
– Двапати.

Сопруг

Плавуша и раскажува на својата другарка:
– Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме изработи, а потоа си замина. Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми.

Кувари

Разговараат двајца кувари:
– Откако ке ги испечиш кокошките мораш да и ги иисечиш крилјата!
– А зошто?
– Па, како зошто, може да им избега на гостите, па потоа ти ке бидеш крив.

Гаќи

Трпе седи дома по гаќи и чита весник. Кога, ете ја Трпана, како без здив:
– Бргу, бргу облечи се, комшивката доаѓа на кафе, и не е убаво да ги гледа тие твои стари коски.
– Па добро де, нека види колку лошо ми готвиш, затоа сум ваков, кожа и коски.
А Трпана, да не остане должна:
– Тогаш соблечи ги и гаѓите, па нека се запраша зошто воопшто ти готвам!

Пчела

Плавуша оди на доктор:
– Докторе помогнете ми, ме касна пчела!
– Ништо страшно, сега ќе намачкам…
– Но како ќе ја фатите. Пчелата сигурно отиде некаде далеку!
– Неее, ќе намачкам на местото каде ве касна.
– Аааа. Во паркот на една клупа.
Докторот налутено:
– Ќе го намачкам тој дел од телото каде ве касна и ќе ви помине!
– Така кажете докторе. Пчелата ме касна на лактот на раката. Уф колку ме боли!
– Која точно?
– Од каде да знам, за мене сите пчели се исти…

Криенка

Трпе имал жена – русокоса. Една вечер се вратил од работа покасно и влегува во спалната и што да види, на креветот лежи еден гол човек, а жена му нигде ја нема. Почнал да ја бара и ја нашол во шкафот гола и вика:
– Добро бре жено, сто пати ти кажав дека тој треба да се крие, не ти!!!

Грда

Секоја девојка има право да биде грда, ама ти ја злоупотребуваш привилегијата.

Перспектива

Би сакал да ги видам работите од твојата перспектива, ама не можам да си ја напикам главата толку длабоко во газот.

Кучиња

Двајца сопственици на кучиња се расправале чие куче е поумно.
– Моето куче е многу паметно – рекол првиот – секое утро го чека разнесувачот на весници, му дава бакшиш и ми го носи весникот, заедно со утринското кафе.
– Знам – рекол вториот.
– Од каде знаеш?
– Па, ми кажа моето куче…

Писмо

Порано беше радост да ти стигне писмо, а сега гледаш како да не ти дојде!