Дома / Вицови (страна 166)

Вицови

Суши

Седеле двајца другари во ресторан. Доаѓа келнерот и прашува што ќе јадат. Едниот вика суши, келнерот го прашува другиот, а другиот одговара:
– Не, јас со уста ќе си јадам.

Слобода

Доаѓа Трпе дома од работа и ја гледа Трпана во секси долна облека со лисици и му вика:
– Трпе врзи ме со лисиците и прави што сакаш со мене!
Овој ја врзал и си отишол да фаќа риби.

Бубачки

Цветко отишол во земјоделска аптека и побарал спреј против бубачки. Продавачот му рекол:
– Има од 100 денари што убива 1.000 бубачки и од 50 денари што убива 500 бубачки.
Цветко се свртел да замине, а продавачот го прашал:
– Каде одиш?
– Одам да ги избројам бубачките.

Честитка

За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници:
– За многу години, за многу години!

Желби

Цветко седи во ресторан. Го вика келнерот и го прашува:
– Дали пејачката исполнува желби?
– Да, господине.
– Тогаш кажете и да замолчи!

Најсвежо

Некој господин редовно одел во истиот хотел со пет ѕвезди и секогаш го служел истиот келнер. Келнерот како и секогаш среден со крпа на раката го послужува:
– Повелете господине?
– Што имате најсвежо денес?
– Незнам господине келнер сум, не работам во кујната.
– Можe крпата малце?
Овој збунет, ама му ја дава. Господинот ја зема ја реди на нос вдишува силно и вика:
– Донеси ми стек.
И му ја враќа крпата. Овој уште по збунет трча во кујната и вика:
– Луѓе, што имаме најсвежо денес?
– Стек!
Другиот ден истата случка:
– Повелете!
– А денес што имате најсвежо?
Овој веќе изнервиран вика:
– Не знам, господине!
– Може малце крпата?
И овој му ја дава овој вдишува силно пак:
– Донеси ми плескавица!
Овој оди во кујна и пак прашува:
– Абе луѓе, плескавица имаме најсвежо?
-ДА.
И веќе преку глава му дошол и решил да го за*бе. Доаѓа господинов следниот ден и келнерот го послужува и овој:
– Може крпата малце?
– Може една минутка да почекате господине ќе се вратам одма.
Овој со трчање кај газдарицата и и вика:
– Пикни ја крпава во гаќите и триј ја силно!
– АААУУУ па ти си луд нема шанси!
– Ве молам ми треба!
И оваа видела невидела ја пикнала крпата ја истила и му ја вратила. Целот среќен оди и му вика на господинот:
– Крпата ја баравте?
И му ја подава. Господинов вдишува силно до последен здив и вика
– ОД КОГА РАБОТИ ТРПАНА КАЈ ВАС?

Сметка

Си биле шкот, егеец, пироќанец, влав и евреин. Отишле во кафана и седнале. Кој ја плаќа сметката?
– Никој, затоа што ништо не нарачуваат.

Дропки

Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
– Сине што учевте математика?
А детево и вика:
– Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
– Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
– Една половина!
– Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
– Една четвртина!
– Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
– Ќе останат само трошки.

Лична карта

Копал Мујо дупка. Копа копа, па ќе влезе во неа да измери па пак продолжува да копа. Дошол Хасо и го прашува:
– Зошто ти е толкава дупка бе Мујо?
– Па треба да се сликам за лична карта, а ми бараат слика на која ќе ми се гледа само главата.
– Аха, па добро со среќа.
Утредента пак го гледа Мујо како копа дупка.
– А зошто ти е пак оваа дупка?
– Па ми бараат две слики!

Жица

Мујо и Хасо копале дупка за телефонска жица. Мујо копал, Хасо закопувал. Дошол соседот и ги прашал што прават и Мујо му рекол:
– Копаме дупка за телефонска жица.
– А каде е жицата?
– Епа безжично.

Штикли

Трпана отишла на чевлар да и ги поправат штиклите. По 3 дена се вратила да си ги земе и чевларот и рекол:
– Готови се, само штиклата да ја направам!