Цветко оди на интервју за работа. Директорот на фирмата го седнува и му вика:
– Нас ни е потребен одговорен човек.
– Јас сум човекот што го барате. Во претходната работа, секогаш кога ќе тргнеше нешто лошо, викаа дека јас сум одговорен за тоа.
Температури
+18° C – На Хаваи земаат втор покривач.
+10° C – Во зградите во Хелсинки го исклучуваат парното.
+2° C – Италијанските автомобили не можат да запалат.
0° C – Дестилираната вода замрзнува.
-1° C – Здивот се гледа. Русите јадат сладолед и пијат ладно пиво.
-4° C – Кучето ви се пика во кревет.
-10° C – Француските автомобили не можат да запалат.
-12° C – Политичарите почнуваат да зборуваат за бездомниците.
-15° C – Американските автомобили не можат да запалат.
-20° C – Здивот се слуша.
-24° C – Јапонските автомобили не можат да запалат.
-28° C – Кучето ви се пика во пижамите.
-29° C – Германските автомобили не можат да запалат.
-30° C – Ниеден нормален автомобил не може да запали.
-36° C – Руските автомобили не можат да запалат.
-39° C – Русите ги закопчуваат сите копчиња на кошулата.
-50° C – Автомобилот ви се пика во кревет.
-60° C – Жителите на Хелсинки се смрзнуваат. Во Москва ги закопчуваат капутите.
-70° C – Се смрзнуваат и во пеколот. Универзитетот во Кузњецк организира крос-кантри.
-72° C – Адвокатите ги пикаат рацете во своите џебови.
-120° C – Алкохолот замрзнува. Русите се баш онака нервозни!
-273,15° C – Апсолутна нула. Се прекинува движењето на елементарните честички. Русите лижат замрзната вотка.
Мат боја
Карти
Тиква
Си биле Македонец, Германец и Французин имале презентација на апчиња за зголемување на машкиот полов орган. Прв излегол Германецот:
– Ние измисливме апче кога мажот ќе се напие да му се зголеми 5 цм.
– Како, во должина или обем?
– Ние со обемот немаме проблем, така да во должина. – рекол Германецот.
Публиката ракоплескала. Втор излегол Французинот:
– Ние измисливме апче кога мажот ќе се напие да му се зголеми за 10цм.
– Како во должина или обем? – прашала публиката.
– Во должина, ние со одемот немаме проблем.
Публиката посилно ракоплескала. Последен излегол Македонецот.
– Ние измисливме апче мажот кога ќе се напие да му стане како тиква.
– Како? Во обем или должина? – ракоплескајќи извикувала публиката.
– Ние немаме проблем ни со должината ни со обемот… НА ВКУС.
Телефон
Гроб
Кладилничар
Ружи
Државна тајна
Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна.
И така прво го мачеле Американецот едно 10 минути и ништо, не издржал, им ја кажал државната тајна. Русинот го тепале 40 мин и на крај им ја кажал тајната.
На крајот Македонецот го тепале, го тепале цел ден тој никако да им ја каже тајната.
Вториот ден го ставиле во некоја соба метар на метар и му ги пуштиле најглупите турбо фолк песни на цел глас, и тоа не успеало, не ја открил тајната.
Третиот ден решиле да му ја честитаат победата, ја отвориле вратата од собата и го гледаат македонецот со прстот на главата како си зборува сам на себе:
– Сети се глупаку! Сети се… ќе те убијат!!!
Богатство
Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број.
– Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец?
– Шест пати.
– Добро, јас осум. Ставаме на 14.
По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна тишина Мујо му вика на Хасо:
– Да си бевме искрени, сега ќе бевме богати.
Влакна
Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
– Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
– Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
– Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
– За мене оваа училишна година е завршена.