Joana
01/12/2013
Плавуши
2,190
Полицаец застанува една плавиша и и вика
– Возачка?
– Да, да, јас сум возачка.
Аљоша Иваноски
01/12/2013
Виц на денот, Образованиe
9,504
Ученикот влегува 30 минути по почетокот на часот. Професорот го прашува:
– Зошто доцниш?
– За учење никогаш не е доцна професоре – одговара ученикот.
Cvetko
17/11/2013
Виц на денот, Еротски
23,986
– Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи?
– Уф, еднаш ја погледнав.
– И…?
– Жива катастрофа!
– Е зошто?
– Баш тогаш влегуваше во спалната.
Аљоша Иваноски
17/11/2013
Разно
9,146
Два часот после полноќ. Во станот пука гласна музика. Соседот ѕвони на вратата и љубезно вели:
– Комшии, дали ќе сакате да ми го позајмите системот ??
– Што е комшија, и ти сакаш да слушаш музика ??
– Не, туку сакам да спијам!
АИППБТ
17/11/2013
Виц на денот, Личности
3,268
Трпе и Трпана добиваат седмо дете. Трпана се жали:
– Ние мора да сме проколнати…
– Не е тоа работата… тие таблетите изгледа дека треба да ги пиеш ти, а не јас!
александар
17/11/2013
Разно
6,621
Возач гази еден пешак на пешачки, и возачот му вели на пешакот:
– Имаш среќа што сум доктор!
А пешакот му вели:
– А ти немаш среќа дека сум адвокат.
Васко
13/11/2013
Личности
4,303
Трпе разговара со Цветко на телефон:
– Штотуку се вратив од риболов.
– И, што фати?
– Сопругата и нејзиниот швалер.
Аљоша Иваноски
13/11/2013
Личности
918
Трпе се жали на Цветко:
– Жена ми е како фотограф. Не ми дозволува ни да мрднам, а ме тера да се смеам.
Demon
07/11/2013
Разно
1,738
Мало девојче ја прашува својата мајка:
– Мамо, што значи изразот размена на мислења?
– Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење.
Аљоша Иваноски
05/11/2013
Личности
3,140
Трпе и Цветко шетаат во парк. Одеднаш здогледале сам човек кој зборувал.
– Со кого разговара оној човек?
– Сам со себе.
– Па зошто тогаш толку вика?
– Не слуша, наглув е.
TT
05/11/2013
Виц на денот, Разно
2,327
– Келнер, ве молам сменете ми го јадењето!
– Зошто, што му фали?
– Пред 10 минути го сликав и го ставив на фејсбук и уште немам ниеден лајк.
андреј
04/11/2013
Виц на денот, Разно
6,354
Мајката го прашува детето:
– Сине, да не се дрогираш?
– Делумно.
– Како тоа делумно?
– Во едната рака да, во другата не.
Аљоша Иваноски
04/11/2013
Разно
8,296
Во амбуланта..
Докторот:
– Сестро, дај резултатите!
Сестрата:
– Милан – Барселона 1:1, Шалке – Челзи 0:3, Реал – Јувентус 2:1…
Ludacha
03/11/2013
Личности
12,963
Цветко во месара ја прашува продавачката:
– Имате пушено?
Таа налутена му лепи шлаканица и вели:
– Како не ти е срам!!! Излегувај веднаш!
А тој само се насмевнува и вели:
– Па јас мислев за месо…