Vicoteka.mk

Падобрани

Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика:– Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран.– У право си – вика Србинот, грабнува еден падобран, му го …

Повеќе...

Женски муабети

Седат две жени на тераса и гледаат како доаѓа мажот на едната со цвеќе во раце. Едната вика:– Ова значи дека цел викенд ќе бидам расчепатена со нозете во вис.– А, не ти е полесно да ги ставиш во вазна?

Повеќе...

Книги за самоубиство

Влегува дечко во библиотека и прашува:– Се извинувам, дали имате книги за самоубиство?– Да, онаму, третата полица од горе.Оди дечково и бара, ама не наоѓа, па се враќа назад:– Ама, таму нема ни една книга.– Е, па тие книги кога ќе ги земат обично не ги враќаат.

Повеќе...

Селанец

Фатил некој селанец златна рипка и оваа му рекла :– Добар селанецу, пушти ме и ќе ти исполнам три желби.– На кого бе ти селанец – рекол овој и ја задавил.

Повеќе...

Проверка

Вулканизер се оженил со некоја девојка и ја однел дома. Само што влегле ја напунил кадата со вода, ја грабнал жена си и почнал да ја потопува и да вика:– Ај сега да провериме дали си стварно невина. Едно меурче да видам, тешко тебе ќе биде!

Повеќе...

Кинез

Се враќа Кинез од Македонија дома целиот збумбарен, а комшијата го прашува:– Што е ова бе, кој те тепаше?– Абе едни Македонци ме начекаа.– А, колку ги има?– Па што знам, околу 2 милиони.– Собирај ги другарите од маало, па да и одиме!

Повеќе...

Јуда

Закаснил Исус на тајната вечера, гледа журка ненормална, голи жени играат по маси…– А бе, што е работава?– Јуда направил добар бизнис, па части.

Повеќе...