Дома / Вицови / Лудница (страна 2)

Лудница

Нож

Во една лудница еден лудак го брка докторот со нож. Овој бегал, бегал, но на крајот се нашол во ќош и немал каде повеќе да бега. Лудакот му се приближил со ножот и му рекол на докторот:
– На сега ти бркаш.

Услуга

Некој лудак го прашува Доктрот:
– Докторе вие имате ли деца?
А Докторот му вели:
– Не, немам деца.
– А сакате ли да имате деца?
– Да сакам.
И од позадина некој лудак дофрла:
– Немајте гајле Докторе, сметајте дека работата е завршена, јас сум штркот.

Слонови

Си бил некој луд во лудница и чукал со рацете цело време… Дошла некоја жена и му рекла:
– Што правиш бе ти?!?
И овој рекол:
– Бркам! Бркам, бркам! Бркаам, бркам, бркам!
– Што бркаш?
– Слонови бркам! Слонови, слонови!
– Е кај гледаш слонови бе луд еден?!?
Лудиот плескал со рацете и рекол:
– E , кај гледаш бе, ги избркав сите!

Бегство

Се јавува некој во лудница и му вели на докторот:
– Докторе, ај види дали има некој во соба 15.
– Нема никој!
– Јеее сме избегале…

Џеки

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
– Што е тоа што го влечеш со тебе?
– Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
– Што е тоа што го влечеш?
– Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
– Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
– Ќути Џеки ги излажавме…

Математика

Доаѓа доктор во лудница за да му направи тестови на пациентите. Кој ќе го одговори прашањето ќе му биде дадена отпусница. Најпрво влегуваат три пациенти:
Првиот го прашува:
– Колку се 2+2?
– 300.
– Фала, ајде назад во собата.
Го прашува вториот:
– Колку се 2+2?
– Вторник.
– Фала, ајде и ти назад во собата.
Третиот:
– Колку се 2+2?
– 4.
Докорот ја потпишува отпусницата и му вика:
– Среќно само… можиш ли да ми кажиш како го доби бројот 4.
– Полесно здравје! 300 – Вторник = 4!

Проба

Некој по грешка го затвараат во лудница и ги организира сите да бегаат. Кога веќе ја поминале оградата тој им рекол:
– Другари главната проба заврши ќе бегаме утре.

Конец

Доктор во лудница гледа како пациент влече конец со него и му вика:
– Па добро зошто го влечеш конецот?
– Па пробав да го буткам, ама не оди. – тажно одговорил лудакот.

Брмчење

Во една лудница сите брмчеле. Со денови, недели, месеци, ама еден никако не брмчел. Докторот рекол дека тој е опоравен. И така отишол кај него и му рекол дека може да си оди дома. Тој пак рекол БРАММ докторе ај да те превезам до дома.

Базен

Го прака татко сина си в лудница затоа што бил луд и му остава мобилен за да можат да се слушаат од време на време. Поминуват два дена и таткото се јавува и го прашува Пере:
Сине како е таму ви обракаат внимание?
Пере: Тате супер ни е еве денес за прв пат ни дадоа да јадиме се изналапав ко луд!!!
После два дена таткото повторно се јавува и вика: Сине добар ли си шо праите таму??
Перe: Супер тате еве денес не пуштија да одиме на базен и скокавме од скокалницата и ни рекоа ако сме вака добри  утре и базенот ке ни го наполнат!!!