Дома / Вицови / Разно / Зафатени

Зафатени

Во недела шефот се јавува кај некој од вработените дома, а од другата страна на телефонот синчето:
-Добар ден, кај е татко ти? – прашува шефот
-(со шепотење) Зафатен е – одговара детенцето.
– Добро, а кај е мајка ти, да и пренесам една порака? – повторно прашува шефот.
-(со шепотење) Зафатена е – одговара детенцето.
-Епа тогаш дај ми ја баба ти – му вика веќе малку нервозно шефот.
-(со шепотење) Не можи, зафатена е – одговара детенцето.
– А дедо ти? – со последни нерви прашува шефот
-(со шепотење) И тој е зафатен – одговара детенцето.
-А добро што се сите толку зафатени што не можам никого да добијам?! – гневно прашува шефот.
-(со шепотење) Ме бараат мене – одговара детенцето.  

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …