Дома / Вицови / Манастир

Манастир

Оди човек во манастир. Игуменот го прашува:
– Знаеш дека во нашиот манастир држиме завет на тишина?
Човекот тивко кимнал со главата.
– Тогаш, добредојде.
Поминуваат пет години и игуменот го повикал:
– Сине, поминаа 5 години откако дојде во нашиот манастир. Имаш право на 2 збора. Дали сакаш да кажеш нешто?
– Лош кревет!
– Во ред, сине! Оди во мир! – рекол игуменот.
По 10 години, игуменот повторно го повикал.
– Сине, поминаа уште 5 години. Имаш право на 2 збора. Ќе кажеш ли нешто?
– Лоша храна!
– Во ред, сине. Оди во мир!
По 15 години во манастирот, игуменот повторно го повикал.
– Па, сине, поминаа уште 5 години. Знаеш, имаш право на 2 збора.
– Се откажувам!
– Знаев! Само се жалиш откако дојде!

Обиди се со

Кондури

Влегува Цветко во продавница за обувки и прашува: – Извинете, колку пари се кондуриве? – …